Реклама
Секс

„Огромен е бројот на жени кои никогаш не водат љубов трезни“ – поранешна порно ѕвезда ја открива шокантната вистина за современата интимност

Поранешна порно ѕвезда открива како алкохолот и дрогите станаа „задолжителен“ дел од сексуалниот живот – и зошто трезната страст е најголемото ослободување.

Реклама

Во свет каде што слободата на избор во интимниот живот е поголема од кога било, сè повеќе жени признаваат дека никогаш не доживеале секс без претходно да конузмираат алкохол или други стимуланси.

Кати Бамптон, менторка за женска сензуалност, вели дека овој тренд е многу распространет и дека многу од нејзините клиентки воопшто не се свесни за оваа своја навика – сè додека не им се постави директно прашање.

 

Маркетинг
View this post on Instagram

 

A post shared by Katy Bampton | Become a sensuality sister 👇🏽 (@schoolofsensuality_)

Маркетинг

Кати, која потекнува од Велс, а сега живее на островот Ко Самуи во Тајланд, води школа за сензуалност, каде што им помага на жените повторно да се поврзат со своите тела и да го откријат задоволството на вистинската интимност.

Таа вели дека се среќава со жени од сите возрасти и социјални слоеви – од зафатени мајки, до успешни деловни жени кои владеат со сите аспекти на својот живот, освен кога станува збор за љубовните односи.

„Некои клиентки се шокирани кога ќе сфатат дека никогаш во животот не воделе љубов во трезна состојба. Кога ќе ги прашам зошто, не знаат што да одговорат – за нив тоа едноставно е нормално“, вели Кати.

Минато исполнето со екстремни искуства

Иако денес се залага за трезвеност и вистинска интимност, љубовниот живот на Кати некогаш бил сосема поинаков.

Таа признава дека во минатото учествувала во бројни сексуални искуства, вклучително и снимање филмови за возрасни и организирање големи забави со дроги и секс. Нејзиното патување започнало кога како млада дадилка била поканета на забава за размена на партнери од парот за кој работела. Оттаму, нејзиниот живот влегол во темен свет на хедонизам, каде што стимулансите биле секојдневие.

„Луѓето мислат дека работата во филмови за возрасни ме научи сè за сексот, но напротив – токму тие години ми покажаа како изгледа лошиот секс. Немав вистинско уживање, сè беше вештачко“, објаснува таа.

Клучниот пресврт

Пред две години, Кати доживеала пресврт кој целосно го променил нејзиниот живот. Таа заминала на едногодишен камп во џунгла во Тајланд, каде што целосно се откажала од сексот и стимулансите. Таму, таа сфатила дека вистинската интимност не може да се доживее со алкохол или со дроги.

„Се чувствував ранливо на почетокот, како да сум изгубила некаков штит. Но, потоа сфатив дека тоа е лажна приказна што си ја кажуваме – вистинската интимност доаѓа само кога си целосно присутен“, вели Кати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katy Bampton | Become a sensuality sister 👇🏽 (@schoolofsensuality_)

Моќта на трезвената интимност

Според неа, жените честопати пијат пред љубовен состанок или интимен момент за да добијат самодоверба, но тоа води кон циклус на несигурност и незадоволство. Таа тврди дека сексуалниот живот без стимуланси може да биде многу попријатен и подолготраен, а особено ги потенцира придобивките од вистинската комуникација помеѓу партнерите.

„Сексуалноста е поврзана со комуникацијата – и со себе и со партнерот. Кога сте трезни, целосно сте присутни и можете да се препуштите на моментот без грижи и несигурности“, додава таа.

Новата мисија на Кати

Денес, Кати ја води својата школа за сензуалност, каде што им помага на жените да го истражат своето тело, да ги разберат своите желби и да изградат здрав однос со својата сексуалност.

Таа верува дека нејзината работа е да ги охрабри жените да ги отфрлат општествените притисоци и да се поврзат со својата природна сензуалност.

„Го поминав најлошото и сега сакам да им помогнам на другите. Ова е мојата мисија – да ги охрабрам жените да ја откријат вистинската радост на интимноста“, вели Кати.

Нејзиното искуство е сведоштво за тоа како вистинската промена доаѓа одвнатре, а интимноста без маски и стимуланси може да донесе неочекувано задоволство и слобода.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button