Македонската Гранд ѕвезда во венчаница – но кој е младоженецот, се прашуваат фановите?!
Пејачката во венчаница, изгледа како сирена...

Прв пат ја гледаме во венчаница.
Шармантната пејачка Андријана Петрушовска својот приватен живот го држи далеку од очите на јавноста.
Таа во една пригода во емисијата „Гранд“ магазин откри дека имала долга врска, но и дека се разделиле, но тоа беше пред неколку години.
Петрушовска оттогаш нема откриено дали го пронашла оној вистинскиот, па нејзините најнови објави збунија сите.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Имено, пејачката се сликаше во преубава венчаница, не криејќи дека во неа се чувствува одлично, што можеше да се види и од нејзината насмевка и расположено издание пред камерите.
И додека едни беа воодушевени од тоа како таа изгледаше, а други се прашуваа дали е ова генерална проба за нејзината нова етапа во животот, згодната Петрушовска откри за што станува збор.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Имено, таа беше дел од еден саем за венчаници, но не го криеше дека ова за неа е едно посебно искуство.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Впрочем тоа може да се забележи и од нејзиниот израз на лицето, а многумина ја пофалија дека изгледа како вистинска принцеза.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Потсетуваме, Петрушовска се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ каде минатата сезона го освои високото трето место.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Таа по учеството во ова популарно шоу настапува речиси постојано како во Македонија, така и надвор, а нејзината песна „Маније“ што ја сними во соработка со „Гранд“ продукција стана вистински хит.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Па, да се потсетиме и на еден од нејзините најдобри настапи во едно од најгледаните шоуа во регионот…