Рецепти

Што е тофу и зошто е многу здрава намирница што ја измислиле будистичките монаси – рецепт за тофу, брзо и лесно во вашата кујна

Како да направите тофу, зошто овој производ е многу здрав и како да го подготвите за да биде вкусен.

Реклама
Реклама

Оние кои не јадат месо или пак, бараат замена за сирење, имаат многу алтернативи на располагање. Меѓу тие алтернативи, тофуто е една од најчестите.

Речиси е вообичаено во менијата на рестораните, но веќе не е реткост на полиците на супермаркетите.

фото-пиксабеј

Тофу е суштинска состојка во вегетаријанската и веганската исхрана, која содржи многу протеини и есенцијални амино киселини кои се важни за нормалното функционирање на телото. Може да биде одлична замена за месото во бројни јадења, а важно е да се нагласи дека не содржи глутен.

Маркетинг

Тофу е со нас повеќе од 2.000 години. Потекнува од Азија, од каде се проширилo на другите континенти. Будистичките монаси биле првите кои консумирале тофу, како дел од нивната строга, вегетаријанска исхрана.

Во споредба со другите извори на протеини, тофуто е незаменлив во исхраната. На пример, eдна порција свинско месо содржи околу 24 g маснотии, а во една порција тофу ќе најдете само 6 г масти и 0 г холестерол. Сирењето тофу има многу мали количини на заситени масти и не содржи холестерол.

Маркетинг
тофу-анплаш

Тофуто е богато со лесно сварливи протеини, па затоа е погоден за секој кој има потреба од квалитетна количина на протеини во исхраната. Се препорачува за сите кои се грижат за своето здравје, за спортисти, како и за оние кои се на диета.

Со додавање на умерени количини тофу сирење во вашата исхрана, ќе направите одлична работа. Тофу го намалува ризикот од развој на одредени видови на рак, ја намалува веројатноста за развој на кардиоваскуларни болести, го намалува холестеролот и спречува атеросклероза.

За оние кои не се упатени, тофуто всушност на прв поглед изгледа како недефинирана маса која нема баш вкус, но не залажувајте се – оваа намирница е супер здрава, а ако се подготви правилно, може да биде и многу вкусна.

Тофу е сирење направено од соја, кое се обработува со коагулација на протеините од соја.

Подготовката на тофуто започнува со мелење млади зрна соја, кои потоа се мешаат со вода и се варат за да се добие млеко од соја.

Смесата се цеди, а потоа ѝ се додаваат зачини кои предизвикуваат формирање на сирењето. Финалниот производ е – тофу.

Рецепт

Потребни намирници

500 мл млеко од соја

2 мали лажички сок од цеден лимон

сол (по вкус)

зачини по вкус (на пр, суви зачини како што се лук во прав, билни зачини во прав).

Подготовка

Загрејте го млекото од соја во големо тенџере на средно-висока температура.

Кога млекото ќе се загрее, додадете сок од лимон. Продолжете да мешате.

Постепено ќе забележите дека млекото почнува да се одвојува на протеини (згрутчување) и сурутка (проѕирна течност). Ова е знак дека процесот на коагулација е започнат.

Кога млекото целосно ќе се раздвои, тргнете го од оган и оставете малку да се излади.

Подгответе сад обложен со густа газа или чиста кујнска крпа.

Внимателно истурете ја содржината од тенџерето низ газата, за да се исцеди сурутката, а протеините да останат во газата.

Соберете ги краевите на газата и нежно притиснете за да го отстраните вишокот сурутка.

Оставете го тофу сирењето да се исцеди и да се излади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер целосно да се излади и да се стегне, по можност неколку часа или преку ноќ.

Кога тофу сирењето ќе се стегне доволно, извадете го од газата, префрлете го во чист сад и посолете по вкус.

По желба додадете зачини по вкус и убаво измешајте.

Вашето домашно тофу сирење сега е подготвено за употреба! Можете да го користите во разни јадења како замена за обичното сирење.

Ова тофу сирење е основата, но можете да експериментирате со додавање на други зачини или додатоци по желба, како што се свежи или сушени билки, кромид, чили, пиперки итн.

Уживајте во вашето домашно тофу сирење!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button