Реклама
Наши ѕвезди

Голема прослава во семејната куќа на Јордан Митев – пристигнуваат честитки, пејачот никогаш посреќен

За многу години Македонци, напиша Јордан на Фејсбук

Реклама

Посебен ден за пејачот Јордан Митев и неговото семејство

Познатиот фолк-пејач Јордан Митев на социјалните мрежи сподели вест со која што ги воодушеви неговите бројни обожаватели.

Тој објави и една фотографија на која во рацете држи икона, а се фотографираше во дворот во неговата семејна куќа

Маркетинг

Станува збор за икона која е симбол на денешниот празник Водици кој за пејачот и неговото семејство има големо значење.

Маркетинг
Фејсбук/ Јордан Митев

Како што појасни самиот тој, овој убав празник во неговиот дом во Подареш во близина на Радовиш се слави повеќе од 100 години. Неговиот прадедо се викал Ристо, а неговиот дедо Јордан, додека татко му Ристо, а тој пак, го носи името на дедо му, Јордан.

И така овој празник е од големо значење за семејството веќе со децении, па дури и еден цел век, па Јордан со гордост напиша:

„Денес е убав ден, ден кој има посебна важност за мене, мојата фамилија и мојот корен. Прадедо ми се викал Ристо, дедо ми се викаше Јордан, татко ми се вика Ристо, јас сум Јордан. Овој убав празник се слави кај нас повеќе од 100 години, а со тоа многу јасно е дефиниран мојот код и идентитет. За многу години Македонци“.

Фејсбук/ Јордан Митев

За многу години мои подржувачи и слушатели од каде и да сте кој и да сте! Бог се јави! За многу години Богојавление – Водици!, напиша Јордан па го додаде и следново:

„Благодарам Г-не Благоја П. за оваа прекрасна икона која е симбол на денешниот празник Водици“, сподели пејачот.

Принтскрин/ Јутуб

Потсетуваме, Јордан Митев многу пати досега истакнал дека за него семејството и луѓето што ги сака се најголемото богатство.

Принтскрин/ Јутуб

„Генерално јас сум едноставен човек, иако се стремам кон успех, создавање и префинети работи, сепак јас живеам прилично скромно и мене ме прават среќен многу едноставни работи, работи кои не се купуваат со пари и работи кои немаат цена. Тоа е семејството и луѓето што ги сакам. Секако ме прави среќен и мојата песна која е присутна на многу убави моменти од животот на луѓето. А од секојдневието што може да ме изнервира, па многу работи“, ни откри Јордан во една пригода специјално за Гламур магазин, додавајќи:

Не би можел сега конкретно да кажам но нашето општество е полно со причини за нервоза, посебно за јавна личност која често пати е изложена како на пофалби така уште повеќе и на критики, изјави тогаш Јордан во итервјуто за Гламур магазин.

Целото интервју со него прочитајте го тука >>

Фејсбук/ Јордан Митев

Фејсбук/ Јордан Митев

Фејсбук/ Јордан Митев

Фејсбук/ Јордан Митев

Фејсбук/ Јордан Митев

Фејсбук/ Јордан Митев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button