Нашата најголема ѕвезда, водителката Лила Филиповска, традиционално е домаќинка на Ромскиот бал. Така беше и вчеравечер, таа го отвори и 45. издание на Светскиот Ромски бал. Звучни имиња од естрадата и голем број гости беа присутни на овој голем и спектакуларен настан кој се случува во Александар Палас.
Во друштво на нејзини пријатели, колеги и соработници се чини како да поминале незаборавна ноќ.
Теа Теировиќ беше главната балканса ѕвезда која што ги собра и расположи вчеравечер сите на ова место, а големо пријатно изнендување беше и појавувањето на Мухарем Сербезовски кој разлеа емоции во салата.
Лила на Инстаграм сподели видео од нејзиното пристигнување и покажа како се дотерала за оваа свечена пригода.
Преубава креација во кафена боја со гламурозни светки. Фустанот ја отсликува убавата силуета на водителката и го истакнува нејзиното бујно деколте. Прозирниот долг фустан го надополнила со убава свилена марама во петролеј боја.
Нема потреба да се прашувате од каде се овие модни парчиња, секако дека се со потпис на брендот Елена Лука.
Залижана коса со виткани локни и уредна шминка, Лила во ова издание изгледа како божица.
На објавата таа се заблагодари до орагнизаторите за укажаната чест.
Светски Ромски Бал по 45 ти пат ❤️
Ромскиот светски бал е доказ дека културата и традицијата можат да ги обединуваат луѓето и да создадат незаборавни моменти. Оваа година, балтот продолжува да биде инспирација за многу генерации и да ја негува ромската култура.
Благодарам на добербата на организаторот и овој пат да бидам Ваш домаќин ❤️
View this post on Instagram