Реклама
FashionТрендови

Ова е најпоскауваната унисекс чантичка за почеток на годината – „луј витон“ во облик на двоглед

Во чантата може да се собере мобилен телефон, картички, пари и уште неколку ситници.

Реклама

Францускиот луксузен бренд „луј витон“, кој претходно го изненади светот со неудобна, но многу ефикасна чанта во форма на авион, сега претстави нов моден додаток кој не е ништо помалку чуден. Сепак, чантичката веќе е најпосакувана за почеток на оваа година.

принтскрин, Инстаграм

Чантата е со мала димензија и има облик на двоглед, а се продава по цена од 8.600 долари.

Направена е од телешка кожа со препознатливиот „луј витон“ принт.

Маркетинг

На „леќите“ се врежани иницијалите LV. Максимумот што ќе се вклопи во неа е мобилен телефон, кредитни картички и уште неколку ситници.

Маркетинг

Има ремен што се одвојува и се прилагодува, а чантата може да се носи преку рамо или преку телото.

Наменета е и за мажи и за жени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button