Погледнете во каков раскош ужива Габриел Бајрам – шокантни детали, злато блеска од сите страни
Оваа куќа е вистински балкански хит!
Повторно луксуз од кој боли глава
Веќе и врапчињата на гранките знаат за луксузната куќа во која живее семејството на починатиот политичар Амди Бајрам.
Станува збор за луксузен имот вреден богатство, а како изгледа овој мал рај на семејството Бајрам досега многу пати сме имале прилика да видиме од објавите на неговиот син Габриел на социјалните мрежи. Наследникот на Амди и сега привлече внимание со една раскошна куќа, но овој пат не станува збор за неговата, туку за една необична куќа која се наоѓа во Босна и Херцеговина, целосно инспирирана од Версаче.
Инстаграм/ Габриел Бајрам
Куќата е хит во Босна, па и на целиот Балкан, а сега имавме прилика да видиме и какo изгледа нејзината внатрешност.
Инстаграм/ Габриел Бајрам
Инаку, куќа инспирирана од брендот на легендарниот италијански дизајнер има и во Македонија во сопственост на Шенки Версаче.
Инстаграм/ Габриел Бајрам
И оваа куќа повеќе пати се нашла во медиумите во регионот, а позната е по својот раскош и опседнатост со логото на Версаче.
Инстаграм/ Габриел Бајрам
Вистинската куќа на Џани Версаче
Што се однесува до вистинската куќа на Версаче, која дизајнерот ја има купено во 1995 година и целосно преуредено, како таа изгледа може да видите во продолжение. Пред портите на ова куќа во Мајами Версаче е и убиен, а се продаваше за 70 милини долари.
Инстаграм/ Габриел Бајрам
Вилата е изградена во 1950 година, а денес важи за недвижнина која е дел од модната историја и во неа навистина се живее кралски.
Како изгледа овој раскош, погледнете во продолжение…