Нашата позната водителка во ова издание изгледа неверојатно – шлицот никого не остави рамнодушен
Неодоливо и ефектно издание на Ирена Спировска
Никогаш не изгледала поубаво
Една од напите најпознати водителки, Ирена Спировска, во уште едно издание со кое никого не остави рамнодушен.
Водителката отсекогаш важела за жена со автентичен стил, а нејзините елегантни комбинации што го носи на своите настапи како водителка и презентерка на бројни настани секогаш привлекуваат внимание.
Впрочем така беше и овој пат кога Ирена заблеска во издание достојно и за најпрестижните холивудски црвени килими.
Инстаграм
Имено, таа за оваа пригода избра црна тоалета која ја следи линијата на телото и уште еднаш ни покажа дека не само што одлично се снаоѓа во класичните изданија, туку и дека знае како блесне во полн сјај.
Инстаграм
Во прашање е преубав црн фустан кој фасцинантно стои на нејзиното тело, а Ирена го разби со црвен кармин и големи обетки.
Инстаграм
Креацијата е без ракави, а линијата на деколтето како и во цела должина на преклопот е зачинета со светки, како и самиот шлиц.
Инстаграм
Водителката со ова свое издание уште еднаш ја потврди моќта на црните фустани кои дефинитивно се „маст-хев“ за секоја жена.
Инстаграм
Таа целото издание го заокружи со нејзината шик виткана фризура која веќе со години е нејзиниот заштитен знак, а со својата појава привлече внимание и на социјалните мрежи и доби бројни комплименти.
Инстаграм
Па, од еден до десет, со колку би го оцениле ова издание на Ирена?