Неодамна нашата фолк дива Зуица Лазова го прослави својот 50 -ти роденден и 30 години Јубилеј на естрадата со проектот „5 за 50“, проект, кој на едно место собра пет композиции на кои работела веќе некое време. Јубилеите ги прослави во присуство на семејството – сопругот Наум Петрески, ќерката Македонка, синот Стефан, медиуми, роднини, пријатели, колеги. Таа тогаш направи одлична забава, што ја нарече мало патување низ времето.
-Имам вистински луѓе до мене, тоа е “Гарски продукција” т.е. ние сме четири дами, две мајки и две ќерки, Соња Дојчиновска-Јанаќиевска и Деспина Јанаќиевска и јас и мојата Македонка Петреска. Сите ние подолг период осмислуваме како да се одбележи овој јубилеј, додававме и одземавме идеи, надоградувавме и стигнавме до 5 за 50 вели во разговорот за Гламур Зуица Лазова.
Како сте задоволни од промоцијата и одбележувањето на јубилејот и вашиот роденден. После два дена какви емоции буди во вас?
Искрено, презадоволна сум од тоа како помина промоцијата и роденденот, мислам и да сакавме, немаше да биде подобро. Бевме добро организирани, чувствував дека имам вистински луѓе позади себе,а секако и пред себе како гости. Сега сум конечно опуштена,задоволна и многу среќна.
Маркетинг
Како се роди идејата 5 песни за 50 години?
Спомнав дека имам вистински луѓе до мене, тоа е “Гарски продукција” т.е. ние сме четири дами, две мајки и две ќерки, Соња Дојчиновска-Јанаќиевска и Деспина Јанаќиевска и јас и мојата Македонка Петреска. Сите ние подолг период осмислуваме како да се одбележи овој јубилеј, додававме и одземавме идеи, надоградувавме и стигнавме до 5 за 50.
Кој е се задолжен за композициите?
Автор на музиката и текстот на трите нови песни е Соња Дојчиновска-Јанаќиевска и тоа на “Реканска” со аранжман на Илија Јаневски кој свири и тамбура и кавал во неа,а зурла Гоце Димовски, Даме Комита” со аранжман на Дејан Момировски и” Мојата хармоника “со аранжман на Љупчо Соколовски. Во студиото “Сити саунд” се снимени Реканска и Мојата хармоника, во XL студио Даме комита а “Ќе ти купам широк фустан Зуице” ја аранжираше Јован Василевски а прекрасниот канон е на Тимко Чичаковски. “Симпатија” како и претходната се снимени во студиото во Тетово на Јован Василевски
После 30 години на естрадата што Зуица ја прави среќна , кога ќе си направите една ретроспектива наназад, задоволни ли сте?
Мене можат многу мали нешта да ме направат среќна, ама ајде сепак да кажам дека ме прават среќна среќата на моите блиски луѓе ,квалитетно време поминато со нив, со фамилијата и блиските пријатели. Кога ќе погледнам наназад јас сум презадоволна од постигнатото бидејќи успеав и сеуште ги балансирам моите две професии како проф.по хармоника и пеењето а во едно време и водителството во хармонија со фамилијата.
Дали освен овие 5 песни може да очекуваме во иднина повторно вакви дуети?
Овој проект 5.за 50 со “Гарски продукција” го направивме во рекордно време. За месец дена ги снимивме песните и видео записите па ветуваме дека ќе има нови проекти набрзо.