Се случи чудо на голем презник во чест на Света Петка – верниците со солзи ја бакнуваат иконата Господова
Пред неколку години слично чудо се има случено и во една црква кај нас, кое тогаш предизвика големо внимание
Како што пренесуваат медиумите од соседството, во една црква во Косово наводно се случило Божје чудо.
Станува збор за црква во Ораховац каде по литургијата во чест на Света Петка една икона со ликот на Исус почнала да мироточи.
На социјалните мрежи многу луѓе кои присуствуваа на настанот споделија снимки и фотографии на кои, според нивни зборови, од иконата Господова излива течност, што според православието, преставува мироточење.
Принтскрин/ Јутјуб
На снимката се гледа како свештено лице со четка го собира мирото од иконата и потоа исцртува крст на челата на верниците.
Принтскрин/ Јутјуб
Принтскрин/ Јутјуб
Според православното верување, мироточењето престанува опомена или повик на Бог за покајание. Тоа многу пати се има случувано во историјата на православието, а се има случувано и кај нас.
Принтскрин/ Јутјуб
Принтскрин/ Јутјуб
Принтскрин/ Јутјуб
Па така во 2017 година слично чудо во кое верниците веруваат се случи во црквата Свети Ѓорѓија во скопско Трубарево. Станува збор за икона на Пресвета Богородица за која од МПЦ беше потврдено дека мироточела, а слично чудо се случува и со иконите во црквата Свети Димитрија.
Имено, во оваа црква која важи за една од најубавите и која се наоѓа во центарот на нашиот главен град, сите беа изненадени кога светнаа златните ореоли на фреските на кои со години се таложел чадот од свеќите и кандилата. Тие само од себе осветлиле и повторно биле златни.
Исто така за иконата на Свети Јован во Бигорскиот манастир се верува дека никогаш не била оштетена и покрај тоа што манастирот неколкупати во историјата целосно бил оштетуван. Трите чешки во манастирот се направени токму на местата каде што лебдела иконата.
Лековитото масло од гробот на Гаврил Лесновски
Малата Лора од Кочани повторно проодела по молитвата и помазување со маслото од гробот на епископот Гаврил Светогорец. Лора се соочувала со чести напади од болка кои ги имала. Нејзините родители дошле во манастирот барајќи ја последната надеж.
Чудата на Свети Наум
Најпознато чудо, од многуте, кое и денес се раскажува меѓу народот, запишано и од страна на Кузман Шапкарев, е приказната за волот и мечката, настан овековечен на фреската во охридскиот манастир посветен на Свети Наум.
Сведоштвата за Наум Јајчар ги има во црковните книги за чудата на Св Наум Охридски. Наум Јајчар сам го раскажувал своето чудо.