Вака ретко ја гледаме, го запали Инстаграм – познатата фолкерка им одржа лекција на своите колешки
Уште една интересна модна приказна со која Сузана Гавазова ги изненади своите верни фанови
Познатата фолк-пејачка, Сузана Гавазова, води сметка за својот изглед, па и покрај тоа што наскоро полни 45 се уште изгледа многу помладо и мами воздишки со својот шарм каде и да се појави.
Пејачката редовно тренира и здраво се храни, а покрај својот физички изглед на кој можат да му завидуваат и многу помлади колешки, Гавазова привлекува внимание и со своите смели модни комбинации.
Тоа впрочем можевме да го видиме и сега кога Гавазова за снимањето на еден свој нов проект избра тоалета со кој ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Станува збор за црна, раскошна креација со потписот на македонската дизајнерка Елена Лука, а во која Гавазова изгледаше како најпознатите светски ѕвезди на црвениот килим на доделувањето Оскарите.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката гордо го носеше фустанот и максимално го истакна своето тело, па со снимката во овој фустан го запали Инстаграм.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Тоалетата што ја носеше и покрај тоа што е долга, има големи прорези во пределот на половината зачинети со црн тантела, така што визуелно создаваше провокативен ефект кој Гавазова одлично го искористи, па максимално го истакна горниот дел од своето тело.
Пејачката целото издание го зачини со преубава фризура и шминка, а како сето тоа беше „спакувано“, погледнете во продолжение…