Наши ѕвезди

Познатата водителка прослави 30 години брак и ја откри тајната на нејзината љубов кон овој човек (фото)

„Негувајте ја љубовта која што си ја имате со партнерот и уживајте во животот заеднички радувајќи се на сите работи, бидејќи животот нема повторна реприза...“

Advertisement

Познатата водителка Билјана Дебарлиева прослави 30 години брак со својот сопруг Јован со кого има син и ќерка.

Билјана која повеќе од три децении е присутна на нашите мали екрани и која со својата харизма плени каде и да се појави, се уште важи за една од нашите најдобри, но и најубави телевизиски водителки.

Advertisement

Гледачите постојано ја коментираат нејзината природна убавина и непосредност, како и нејзиниот младешки изглед и во шестата деценија.

Приватна архива

Како што самата откри во една пригода за Гламур магазин, со сопругот Јован биле четири години едно пред да стапа во брак.

Advertisement

Тие сега ја слават својата јубилејна 30- годишнина од бракот, а нејзиниот сопруг сподели неколку фотографии на кои изгледаат вљубени како и првиот ден. Впрочем тој сподели и една фотографија од нивната свадба, од која може да ја видиме Билјана како невеста.

Приватна архива

Потсетуваме, Билјана неодамна во интервју за Гламур зборуваше отворено за нејзиниот брак, но и за нивните деца.

Приватна архива

И како што самата истакна тогаш, според Билјана тајната на нивната љубов се крие во довербата, отсуството на љубомората, во тоа што си веруваат еден на друг, но и постојано се поддржуваат.

Приватна архива

„Многу работи веројатно, многу ситници, не дека бракот е идеален кај секого, дека нема проблеми, да секогаш има ситни работи меѓутоа мора да изброите некогаш до три да преминете преку нештото. Секако доколку не е навистина сериозно бидејќи за кавга е потребно многу малку, за разделба  уште помалку“, изјави тогаш Билјан.

„Затоа би била мојата препорака, негувајте ја љубовта која што си ја имате со партнерот и уживајте во животот заеднички и радувајте се на сите работи, бидејќи животот нема повторна реприза“, додаде водителката.

Целото интервју со Билјана прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button