Реклама
CelebrityTV

Карлеуша се пофали дека ја има на Нетфликс и тоа ни помалку ни повеќе туку со сопругата на Роналдо!

Погледнете што кажа Ѓорѓина за Јелена Карлеуша

Реклама

Најпопуларната балканска ѕвезда Јелена Карлеуша не престнува да изненадува.

По разводот какодополнително да ѝ се отвори патот кон светска слава. Убавата Јелена е ѕвезда во секоја смисла на зборот.  Таа со својот изглед е една од најхрабрите суштества на планетата.

Маркетинг

Кога беше во жири во „Ѕвездите на Гранд“ Јелена секогаш обрнуваше внимание на тоа да им даде моден коментар на натпреварувачите. Откако ја нема во шоуто некако како да се заборави за тоа дека една ѕвезда е комплетна доколку има комплетен изглед, а не само убаво да пее.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Бидејќи е двигател за модата и познавач на високата мода, уникатната пејачка се најде и во улога на манекенка.

Можете да ја гледате на Нетфликс во најновиот документарен филм на Ѓорѓина Родригез. Таа таму се појавува на пистата на модна ревија, а сопругата на Роналдо дава коментар токму за нејзиниот моден изглед.

ЈК не ја крие радоста и пред малку на Инстаграм го сподели исечокот каде што таа се појавува на Нетфликс. На објавата Карлеуша ѝ се заблагодари на Ѓорѓина.

„Никогаш не сум помислила дека случајно гледајќи Нетфликс ќе се видам себеси. Ти благодарам Ѓоршина Родригез твојот документарец е фантастичен! – напиша пејачката.

Под објавата веќе се нижат убави коментари од фановите.

 

Погледнете што кажа Ѓорѓина за Јелена Карлеуша.

ВИДЕО

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button