Ова е мајката на Бомбакис – еве како нејзиниот син и го честиташе роденденот, нема да го заборави ова
„Мајка заслужува свет на дланка“
Познатиот инфлуеснер и го честиташе роденденот на својата мајка
Кристијан Станковски од Скопје кој на социјалната мрежа Инстаграм е попознат како Бомбакис или момчето со картоните, пријатно ги изненади своите следбеници со она што го направи сега.
Имено, неговата мајка славеше роденден, а Бомбакис во негов препознатлив стил и го честиташе и ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Бомбакис
Тој објави заедничка фотографија со неа, но и од картон на кој овој пат ја напиша следната порака за својата мајка:
„Мајка заслужува свет на дланка“, напиша Бомбакис на картонот, а во описот додаде „Среќен 54 роденден мамо“.
Инстаграм/ Бомбакис
Кој е Бомбакис
Зад профилот на Бомбакис стои инфлуенсерот Кристијан Станковски од Скопје кој е познат по своите „картонски“ пораки.
Инстаграм/ Бомбакис
Имено, тој секојдневно објавува фотографии на кои преку картон со големи букви ќе напише некоја интересна порака.
Тој е уникатен и секогаш има нешто интересно да каже, а некои од неговите најубави пораки погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Бомбакис
Најдобриот картон што го држел во животот
Потсетуваме, Бомбакис во 2020 јавно зборуваше за тоа како го победил ракот, а минатата година пак соопшти уште една убава вест.
„Најдобриот ‘картон’ што сум го држел во животов. Најдоброто нешто што ми се случило во животов. По сите турбуленции, фала ти Господе. Фала ти Вики што си ми најголема поддршка во животов“, напиша тој откривајќи дека неговата сопруга е бремена.
Инстаграм/ Бомбакис
Бомбакис минатиот декември се оствари и во улога на татко, кога неговата сакана Вики ја роди нивната ќеркичка Бисера.