Бебиња

dm и Матрона со поддршка и едукација за новите мајки: Започнува ,,Караван на мајчинство“

Со почетокот на месец август, започнува и Караванот на мајчинство кој е во организација на dm дрогерие маркт и Матрона - Здружение на граѓани за промоција и поддршка на здравјето

Реклама
Реклама

Со почетокот на месец август, започнува и Караванот на мајчинство кој е во организација на dm дрогерие маркт и Матрона – Здружение на граѓани за промоција и поддршка на здравјето и ќе опфати бројни обуки на тема: Правилна нега и исхрана на трудници и новороденчиња!

Раѓањето на детето е едно од најубавите искуства и во исто време еден од најголемите животни предизвици: со првите искуства на родителството доаѓа чувството на преоптоварување, но дури и оние кои припаѓаат на групата искусни родители често се соочуваат со нови задачи и испити во животната школа за родителство. Токму затоа потребна ви е сигурна поддршка, а тука мислиме на доволни информации за грижа на мајките и најмалите од самиот почеток! Токму ова ќе ви го овозможи ,,Караван на мајчинство’’ кој го организираат dm и Матрона.

,,Освен што купувачите нѐ препознаваат како сојузник во исполнување на сите нивни потреби благодарение на нашиот богат асортиман, нашата неминовна цел во секојдневното работење е да изградиме емотивна врска со нашите купувачи, кои воедно се и нови мајки. Па така, овој проект дојде како природен тек на настаните. Караванот на мајчинство ќе ни биде посебно драг бидејќи ќе нѐ поврзе со идните и нови мајки на кои им е потребна поддршка, помош и едукација“. – Изјавува Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm.

Маркетинг

Започнувајќи од август, секој нареден месец во годината која следува ќе биде исполнет со бројни обуки на тема: Правилна нега и исхрана на трудници и новороденчиња! Низ овие обуки ќе ве водат стручни лица кои со својата компетентност, знаење и искуство ќе споделат корисни информации на темата и ќе ви помогнат заедно да го изодите патот кој честопати знае да создаде стрес од непознатото.

Маркетинг

Првата обука ќе се одржи на 14 август од 11 до 13 часот, онлајн на платформата ZOOM со Прим. д-р Марина Поп Лазарова и д-р Александар Митов. Обуката е комплетно бесплатна, а за да бидете дел од неа, потребно е само да се пријавите со испраќање на пријава на e-mail адресата: info@matrona.org.mk. И уште една убава вест: Зa сите кои ќе присуствуваат на онлајн обуката dm подготви и ВАУЧЕР СО  -15% ПОПУСТ за купување на вашите омилени  babylove производи.

Обуките кои ќе следуваат во наредните месеци, ќе бидат одржувани онлајн и во живо, со физичко присуство низ различни градови во нашата земја.

За потсетување, изминатиот период dm го одбележа со голем број на активности посветени за родителите и нивните најмалечки. По повод Светската недела на доењето, го поддржаа Школото за трудници и доење Бебелогија во одржувањето на низа активности под мотото „Премостување граници – Поддршка во доењето за сите!“.

Исто така, до 31 август, односно до истек на залихите, во секоја dm дрогерија со купување на омилените производи од dm марката babylove во вредност од 499 денари ќе добиете подарок babylove практична и слатка трајна торба.

Побрзајте да го обезбедите вашето присуство на онлајн обуката, бидејќи бројот на пријави е ограничен. Бидете во тек со сите идни активности на dm, така што ќе ги следите нивните социјални мрежи!

Комерцијален текст

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button