Светска, а наша: Познатата пејачка се врати во Македонија – еве што прво посети
Светски познатата пејачка дојде во Македонија.
Веднаш замина во родното место на својот татко.
Пејачката Блета Рекса позната како Биби Рекса е една од најпопуларните пејачки во Америка.
ФОТО: Инстаграм / Биби Рекса
Биби Рекса е родена во 1989 година во Бруклин, Америка, но нејзините родители се Албанци од Македонија.
Нејзиниот татко Фламур Рекса е роден во Дебар, а нејзината мјка Букурије е Албанка родена во Америка, но нејзиното семејство потекнува од Гостивар.
ФОТО: Инстаграм / Биби Рекса
Кога татко ѝ имал 21 година заминал да живее во Америка.
Пејачката последен пат во Македониј била пред 12 години, па сега одлучи повторно да го пости родниот крај на нејзиниот татко.
ФОТО: Инстаграм / Биби Рекса
На својот Инстаграм профил сподели видеа и фотографии од нејзината посета и средба со родинините.
Веднаш отиде да го посети гробот на дедо ѝ.
ФОТО: Инстаграм / Биби Рекса
„По 12 години, се вратив во родниот град на татко ми Дебар, Македонија. Беше многу емотивно повторното поврзување со моите корени. Ми значеше многу тоа што имав можност да го посетам гробот на дедо ми, бидејќи не можев да присуствувам на неговиот погреб поради турнеја. Семејството ми значи сè и оваа посета ме потсети на значењето на нашите врски“, напиша таа на Инстаграм.