Реклама
Наши ѕвезди

Тарчуловска објави видео што ги „шокираше“ сите – И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ ОВА НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИ (видео)

Познатата пејачка сними опасно животно

Реклама

Пејачката Соња Турчуловска заедно со својот сопруг Јохан Тарчуловски се возеше на мотор кога забележа голема дива ѕвер покрај патот.

Покрај убавото време и преубавата глетка, Тарчуловска со својот мобилен успеа да сними и голема дива мечка која стоеше покрај патот.

И наместо да избега како што тоа би го направиле многумина, Соња неколку пати му кажа на сопругот да подзастане, а потоа со својот телефон овој момент го забележа убаво и го објави на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Маркетинг

Фејсбук/ Соња Тарчуловска

„Мечето големо, кулира, а за нас неочекувана ситуација“, напиша Соња врз видеото што го сподели на својот Инстаграм.

Маркетинг

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Инаку, Соња и Јохан се на патување со својот мотор низ Романија, каде и ја снимија оваа неочекувана глетка.

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Тие го возат патот Трансалпина, една од најубавите рути за возење со мотор и еден од највисоките патишта на Карпатските планини.

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Весело семејство

Соња која веќе три децении е присутна на музичката сцена, и нејзиниот сопруг Јохан имаат две ќерки, Мелани и Јоана, и еден син, Младен. Најстарата ќерка тргна по стапките на мама и пред неколку години започна професионално да се занимава со музика.

Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Таа одлично ја започна својата кариера и стекна голема популарност како во Македонија, така и во регионот, а пред неколку дена замина за Америка, непосредно пред ова патување на Соња и Јохан.

Повеќе за ова прочитајте тука.

Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Инаку, Соња и Јохан често патуваат со мотор заедно, а како што самата пејачка во една пригода изјави за Гламур, овие патувања се нешто што не може да се опише со зборови, туку може само да се доживее.

Фејсбук/ Соња Тарчуловска

„Патувањето со мотор под отворено небо и заштита од Бога за нас е нешто што не може да се опише со зборови, туку може само да се доживее и ужива. Секоја непозната дестинација за нас е голем предизвик и има своја сопствена магија бидејќи ја имаме можноста релаксирано да патуваме и уживаме во убавините кои животот ни ги нуди со своите различности“ изјави тогаш познатата пејачка, а во врска со тоа дали овие патувања за нив претставуваат пасија или само сакаат да ги надоместат сите оние години што не беа заедно, таа вели:

„Пропуштените моменти не можеме да ги вратиме со ништо, но остатокот од нашиот живот може да го искористиме да ги надоместиме максимално за реализација на нашите соништа и уживање во животот. Говорам за авантура која е исполнета со многу спомени, истражувања и посета на нови места и култури, како и познати историски области кои сакаме да ги посетиме, но најчесто сме во потрага на манастири и цркви кои датираат многу одамна бидејќи тоа ни ги исполнува нашите срца“.

„Нашата следна дестинација не е испланирана, бидејќи ние никогаш и не ја планираме туку Јохан знае да каже: Соња, одиме ли утре? А мојот одговор е секогаш: Јас сум спремна!“, изјави Соња во интервју за Гламур магазин.

Целото интервју со Соња прочитајте го тука

Бонус видео

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button