И на 50 години важи за една од НАЈЗГОДНИТЕ ЖЕНИ во Македонија, а сега откри и зошто е тоа така!
Ирена блеска во преубавиот летен фустан
Водителката веќе со години ги воодушевува сите со својот изглед
Нашата позната водителка Ирена Спировска веќе со години ги воодушевува гледачите на малите екрани со својот изглед.
Таа иако деновиве го прослави својот 50-ти роденден и заплови во шестата деценија од животот, се уште важи за една од најубавите и најзгодните телевизиски водителки во нашата земја.
Ирена во последно време маѓепсува и со своите шармантни стајлинзи, а тоа се однесува и за нејзините летни изданија.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Имено, водителката веќе неколку дена е на летување во Црна Гора, а едно нејзино издание посебно привлече внимание.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Станува збор за нејзиниот бел фустан кој е одличен избор за жешките летни денови, посебно кога сте покрај море.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Ирена едноставно блескаше во ова женствени парче, додека со нејзината преубава виткана коса даваше чувство на лежерност.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Потсетуваме, Ирена деновиве на својот профил на социјалните мрежи сподели и неколку снимки од посетата на Манастирот Острог, а како изгледаше и во ова свое издание, погледнете тука.