Пејачката по разводот изгледа сé поубаво и поубаво – здолништето кусо, косата како на матурантка
Пејачката изгледа топ во ова издание, сите гледаат во нејзиното здолниште
Познатата пејачка во последно време се почесто привлекува вниманието со своите модни приказни, посебно по разводот, но не открива што се случува на емотивен план.
Пејачката Анета Љумаковска во текот на својата долгогодишна кариера имала најразлични фази, но нејзините фанови велат дека во последно време изгледа подобро од кога било досега.
Таа благодарение на својот интересен моден стил во последно време привлекува внимание и на социјалните мрежи, постојано воодушевувајќи ги своите бројни фанови.
Принтскрин, Јутјуб, Ин продукција
Така беше и овој пат, со своето последно феноменално летно издание со кое Анета никого не остави рамнодушен.
Таа позираше во кратка сукња во боја на небото, истакнувајќи ги своите убави нозе во преден план, додека целото издание го заокружи со маичка без ракави во пастелна нијанса, голем чанта и високи потпетици.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Но тоа не беше сé – Анета блескаше и со својата шик фризура со која изгледаше минимум десетина години помладо.
Покрај ова свое издание, Анета објави уште едно, но овој пат во центарот на вниманието беше кошулата со леопард дезен.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа целото издание го заокружи со црни панталони, бели високи потпетици и стетјемтн чанта во беж нијанса.
Па, кое од овие две изданија на Анета ви се допаѓа повеќе?
Бонус видеo
Анета во пријатно друштво