Последната објава на пеачот од Скопје што вчера беше убиен расплака многумина – фановите се збогуваат од него
Планираше свадба, а вчера загина во огнена престрелка
Младиот пејач беше поприлично популарен во Македонија, а само на Инстаграм има преку 300.000 фанови.
Станува збор за пејачот Амар Исмани од Скопје кој е жртва на пукањето што се слуи вчера пред полноќ на Пластичарска.
Тажната вест ја потврдија од неговото семејство, а покрај загинатиот 29-годишен пејач повредени се уште две лица.
Последното стори на Инстаграм на загинатото момче
Од неговите објави на социјалните мрежи може да се види дека покрај музиката Амар сакал и да патува низ светот, но и дека бил вљубен во својата девојка. Имено, фотографијата на која позира покрај девојката со свршенички прстен посебно привлекува внимание, но сега и ги рaстажува неговите пријатели и бројни фанови.
Фото: Инстаграм/ Амар Исмани
Имено, младиот пеач се сврши со својата сакана пред месец дена, кога и се огласи на Инстаграм последен пат.
„Сé што ми треба во овој живот сум јас и мојата девојка. Заедно да јаваме до проклетиот крај, само јас и мојата девојка“, напиша тогаш младиот пејач под заедничките фотографии на кои се гледа и прстенот.
Фото: Инстаграм/ Амар Исмани
Потсетуваме, пукањето во кое загина ова младо лице се случи вчера пред полноќ, на Пластичарска во Скопје.
Фото: Инстаграм/ Амар Исмани
Инцидентот започна со кавга која прерасна во тепачка за да заврши во пресметка со огнено оружје во која загина Амар.
Фото: Инстаграм/ Амар Исмани
Покрај Амар во болница завршиле уште две лица со повреди од огнено оружје – 24 годишниот Т.А. , како и 19-годишниот О.Б.
И двајцата се од Скопје и биле донесени 10-на минути пред полноќ, а Исмани кој починал 45 минути по полноќ.