Македонија од секогаш ги имала најдобрите пејачи на Балканот, но за жал немало кој да ги поддржи, вели Соња Тарчуловска во своето интервју за Гламур магазин, а за што се уште поразговаравме со оваа наша фолк дива која веќе три децении е присутна на нашата музичка сцена, прочитајте во продолжение.
Оваа година ви е јубилејна 30 години од кога се појавивте на сцената, планирате некако да го одбележите јубилејот?
Успешноста е личен доказ дека си бил упорен и истраен, амбициозен и храбар. Во време кога критериумите беа високи и навистина беше голема реткост да се види пеачка на сцена со само 15 години, мојата храброст и лидерска аура зачинета со мојата интуиција ми го покажаа патот по кој се движев за подоцна да сфатам дека тоа било голем предизвик за мене со кој денес се гордеам.
Приватна архива
Јубилејните 30 години ќе ги заокружам со безброј настапи и создавање на среќни моменти и спомени со песните кои што ми се случија тогаш. Јас успехот го градев и обезбедив со многу песни кои што до ден денес се пеат и слушат, но една од нив е навистина безвременска. Песната „Во бело“ е мојот животен јубилеј.
Првото ЦД Ви е насловено „Весела Девојка”. Препознатливи сте по песните “Ден по ден“ и „Во бело“. Колку овие две песни придонесоа Вашата кариера да го достигне врвот?
„Весела Девојка“ беше почетокот на мојот успех, а песната „Ден по ден“ придонесе многу, бидејќи тогаш ми започнаа настапите по Европа и тоа беа моите 5 минути кои ги искористив максимално.
Приватна архива
Дефинитивно “Во бело“ ми донесе многу поголем финансиски успех во кариерата каде што и започнаа моите настапи во Соединетите Американски држави и Австралија.
Подоцна напишав и одпеав многу песни но „Во бело“ живее до ден денес и е мое милениче како енергетски магнет кој се пренесува од генерација до генераџија.
Приватна архива
Имавте еден тежок период кога Вашиот сопруг беше во Хаг, што најмногу тогаш Ви беше мотив да истраете и да се дигнете како феникс?
Тоа беше еден многу тежок, можам да кажам и најтежок период не само за мене туку и за нашето семејство.
Се соочивме со многу искушенија, препреки, болка и не преспиени ноќи низ годините кои за нас траеја вечно и многу тешко ги пребродив затоа што тогаш мислев дека времето застана.
Најголемата сила заеднички со Јохан ја црпевме од нашите деца Мелани и Младен со надеж дека ќе дојде подобро утре. Лично мене секогаш ме подигаше вербата кон Господ.
Приватна архива
Кога ќе направивте споредба од Вашите почетоци и сега што и недостига на македонската музичка сцена?
На македонската музичка сцена најголем недостиг според мене е сериозна продукција која ќе се грижи за нашите пејачи.
Приватна архива
Поголема поддршка од медиумите со ставање на акцент на повеќе музички емисии за промоција и афирмација на македонската музика. Со самото тоа ќе стекнеме поголема навика да ја слушаме и почитуваме македонската музика.
Македонија од секогаш ги имала најдобрите пејачи на балканот но за жал немало кој да ги поддржи. Тоа се непроценливи вокали кои ја галат душата како најнежна харфа. Македонската сцена има многу пеачи кои што секој на свој начин е автентичен и препознатлив.
Со Јохан често патувате и тоа со мотор, дали Ви е тоа пасија или сакате да надокнадите за сите години кои не бевте заедно? Посетивте многу места до сега, но која е Вашата следна дестинација ?
Патувањето со мотор под отворено небо и заштита од Бога за нас е нешто што не може да се опише со зборови, туку може само да се доживее и ужива. Секоја непозната дестинација за нас е голем предизвик и има своја сопствена магија бидејќи ја имаме можноста релаксирано да патуваме и уживаме во убавините кои животот ни ги нуди со своите различности.
Пропуштените моменти не можеме да ги вратиме со ништо, но остатокот од нашиот живот може да го искористиме да ги надокнадиме максимално за реализација на нашите соништа и уживање во животот.
Приватна архива
Говорам за авантура која е исполнета со многу спомени, истражувања и посета на нови места и култури, како и познати историски области кои сакаме да ги посетиме, но најчесто сме во потрага на манастири и цркви кои датираат многу одамна бидејќи тоа ни ги исполнува нашите срца.
Нашата следна дестинација не е испланирана, бидејќи ние никогаш и не ја планираме туку Јохан знае да каже: Соња, одиме ли утре? А мојот одговор е секогаш: Јас сум спремна!
Вие сте едно големо семејство, Вашата ќерка Мелани оди по Вашите стапки, што ја советувате во однос на оваа професија?
Мелани е една прекрасна девојка која што многу добро знае што сака и има трпение да го изгради тоа што ќе го замисли. Моментално нејзиниот фокус е пишувањето на текстови за своите идни песни, но и за песни за други изведувачи. Има настапи кои сама си ги менаџира и е студент на факултетот за Безбедност, а воедно и посетува курс по Астрологија. Едноставно кажано дека не запира и кога спие. Тоа е мојата Мелани.
Приватна архива
Во однос на музичката професија што е до мене јас сум и најголема поддршка но и критичар, сепак ја оставам сама да го изоди тој пат бидејќи така е најслатко да се спознае музиката која според мене е најубавата професија.
Во 2022 ја објавивте новата песна и спот „Со црвено“, песната е во модерен поп ритам и е авторско дело токму на Мелани која го напиша текстот, дали ова може да биде најава за враќање на сцената на Соња?
“Со црвено“ е една одлична песна која донесе свежина во мојата музичка кариера со автентична мелодија, реално еден убав музички пакет. Со оваа песна Мелани успеа да ме освои и да ми даде поттик после долги години да снимам нешто ново.
Приватна архива
Јас во целост сеуште не сум вратена на македонската музичка сцена, но ова е песна која што ме шармираше од првиот пат кога ја слушнав и не можев да ја оставам а да не ја снимам.
Дали да очекуваме наскоро нова песна?
Нова песна ќе има и веќе е подготвена за снимање, останува само да влезам во студио и да ја отпеам. Верувајте ќе биде една од најубавите македонски песни која што ја посакував и очекував отсекогаш.
Приватна архива
Која е тајната на Вашиот изглед и силата да бидете мајка на три деца и сопруга. Како успевате се да изменаџирате?
Немам некоја посебна тајна за мојот изглед, нормално несовршености имаме сите, но јас најчесто ги корегирам само со шминка и сум задоволна со мојот изглед.
Приватна архива
Како сопруга и мајка на три деца силата ја црпам токму од нив со нивната поддршка и разбирање.
Приватна архива
Тие се мојата сплотена сила, а менаџирањето на фамилијата е взамена и сите заедно се надополнуваме бидејќи така е најлесно.
Што Ве прави среќна?
Мојата фамилија, среќна сум и благодарна на Бога што сите сме живи и здрави, што уживаме во секој наш момент и што се радуваме на сите мали моменти на среќа кои ги доживуваме заедно.