По разводот се преполови и сега изгледа најубаво досега – пејачката Анета ја откри тајната на нејзиниот изглед
Пејачката откри и што е она што ја прави секоја жена убава
Привлекува внимание каде и да се појави
Една од нашите најпознати фолк-пејачки, Анета Љумаковска, во последно време често е во медиумите и заради својот нов имиџ.
Имено, пејачката по разводот реши да продолжи сама со својата музичка, а она што сите го забележаа откако повторно почна да се појавува во медиумите беше нејзиниот нов изглед.
Но покрај новиот имиџ и нејзините елегантни изданија со кои што се појавуваше во изминатиот период и ги воодушевуваше сите, многумина забележаа и дека Анета изгубила неколку килограми и сега изгледа најубаво досега, па постојано добива комплименти.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
И додека едни се загрижени да не е тоа заради турбулентниот период низ кој што поминуваше, други се воодушевени, што може да се забележи и по бројните коментари под секоја нејзина објава.
Откако пред неколку месеци исплива во јавноста веста дека Анета се разведува, таа беше во фокусот на јавноста.
Но пејачката не покажа никаква слабост, туку на секое свое појавување блескаше, за што сведочи и оваа нејзина последна објава.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Никогаш не изгледаша поубаво
Таа се пофали со својата нова фризура, а покрај нејзиниот сјај сите забележаа и дека никогаш не изгледала поубаво.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Еве што вели таа за својот нов изглед и дали за намалувањето на килограмите се крие некоја диета или нешто друго.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
„Цел живот испитувам, испробувам за да ја пронајдам правилната исхрана што мене ми одговара и конечно после толку години ја пронајдов. Мое мислење е дека секој човек треба сам да си биде нутриционист, бидејќи никој не ни го познава телото подобро од нас самите“, изјави Анета неодамна за „Гламур магазин“ додавајќи дека љубовта е она што секоја жена ја прави убава.
Целото интервју со Анета прочитајте го тука…