Е ова го може само Гавазова – погледнете каква дојде на аеродромот, нема некој што не се сврте по неа
Познатата пејачка во потполно неочекувано издание
Повторно ги изненади сите
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова со своето последно издание се надмина самата себеси кога е стајлингот во прашање.
Познато е дека Гавазова сака да експериментира со стиловите и дека често ја гледаме во најразлични изданија, а како што самата неодамна ни откри, за повеќето од овие стајлинзи самата се грижи.
Имено, Гавазова своите модни комбинации најчесто ги избира сама, а овој пат сите ги изненади со своето последно издание.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа за оваа пригода избра црни хеланки и тесна црна блуска со кои ги истакна раскошното деколте и тенката половина.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Материјалот во горниот дел беше полупроѕирен така што се гледаше она што пејачката го носеше под блуската, а покрај хеланките посебно внимание привлече и ременот со впечатливото лого на Луј Витон и големата кафеава чанта од истиот светски познат бренд.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката на овој начин ги истакна своите облини, а целото издание го заокружи со црни високи потпетици.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
И ако судиме според коментарите на социјалните мрежи, познатата пејачка и овој пат успеа да ги воодушеви своите фанови.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Впрочем како и секогаш досега кога ќе го истакне својот сексапил до максимум и ќе се покаже во едно вакво светло.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
А каква е Гавазова во приватниот живот и неколку интересни работи за неа што не сте ги знаеле, откријте ги тука…