Реклама
Наши ѕвезди

Анета Љумаковска по разводот објави моќна порака – ПЕЈАЧКАТА НЕ КРИЕ како се чувствува

Никој не знае што ми е на душата, дали сум расположена или не, вели Анета во интервјуто за Гламур магазин

Реклама

Иако во последните неколку недели медиумите пишуваа за разводот на Анета и Џими Мицевски тие досега ретко се огласувале.

Познатата фолк-пејачка која по разводот на социјалните мрежи го промени своето презиме во Љумаковска, во интервју за Гламур магазин ги потврди гласините за разводот, но како што самата вели, не сака премногу да зборува за тоа бидејќи тоа е дел од нејзината приватност и сака тоа така и да остане.

„Се случи тоа што се случи и свесни сме сите дека се што се случува е со некоја причина која што само еден Господ ја знае.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Кога не оди нешто треба да се прекине и да се продолжи понатаму , бидејќи животот е еден и е многу краток и треба да се проживее како ние ќе посакаме“, изјави таа за Гламур откривајќи дека со разводот се соочува како и секој друг човек.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

„Никој не знае што ми е на душата, дали сум расположена или едноставно треба да  се дотерам да се нашминкам да ја наместам насмевката на лицето колку и да ми е тешко во тој момент и да се појавам на бина без разлика дали е јавен настап или приватна веселба и да го одработам тоа како што ми доликува“, вели Анета напоменувајќи дека е свесна дека треба да помине одреден период и дека потоа сé ќе си дојде на свое место, онака како што Господ сака.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Но пејачката и покрај тоа што не сака да зборува за својот приватен живот, во последно време често споделува емотивни пораки на социјалните мрежи, кои многумина ги поврзуваат токму со сето она низ што поминува како жена, но и како познато лице од нашата јавна сцена.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Таа и неодамна сподели една таква порака, во која пишува:

„Моли го Господ никогаш да не зависиш од никого. Бог да ти даде здравје и среќа. Да ти ги чува очите, рацете, нозете, да има чувства и разум, и додека го имаш тоа, ти си среќен човек“ напиша Анета.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Многумина веруваат дека оваа објава делумно е наменета и за нејзиниот поранешен сопруг Џими Мицевски, но и за самата неа.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Целоот интервју со Анета прочитајте го тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button