Реклама
Наши ѕвезди

Тамара Тодевска се огласи во врска со протестите – со фотографија покажа што мисли за скандалот

И многу познати ги подржаа вчерашните протести предизвикани од скандалот на Клиниката за онкологија

Реклама

Пејачката се огласи на Инстаграм

Познатата пејачка Тамара Тодевска која важи за една од најпознатите пејачки во Македонија, го подржа вчерашниот протест.

Таа на својот Инстаграм објави фотографија на која се гледа колку луѓе имаше на протестот, а потоа го напиша следново:

Маркетинг

„Не знам уште колку пати ќе повториме нема правда нема мир, но знам дека сите ние трајно ја изгубивме довербата во и онака руинираниот систем затоа што тука станува збор за животи. За многу сомнежи…“

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

„И глупаво е денеска да броите колку луѓе имало, ова не е промотивен митинг, каде што партиите ќе си го мерат со администрација и послушници. Тука имаше луѓе кои чувствуваат одговорност, кои изгубиле свои блиски надевајќи се на успешно лекување со хемотерапија.“

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

„Многу чувствителна е темата за да ја банализирате со тоа колку луѓе имало. Многу луѓе се разочарани. Многу луѓе се уморни од протести…

Многу луѓе немаат надеж, особено кога директори си поигрувале со животот, а сето тоа овозможено од политичките елити. Секој протест има причина, секој живот е вреден“, пишува во објавата што ја сподели пејачката.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Таа потоа уште една мисла, позајмена од друга Инстаграм страница, но која исто така се однесува на вчерашните протести.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

„Најтемните места во пеколот се резервирани за оние кои се неутрални во моменти на морална криза“, Данте Алигери.

Потсетуваме, на протестот присуствуваа неколку стотици граѓани. Дел од нив носеа и транспаренти на кои можеше да се видат пораки како „Убијци за профит“, „Колку вреди човечкиот живот“, „Крадци убијци“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Вчерашниот протест беше најавен преку социјалните мрежи, а следуваше откако МВР и Обвинителството почнаа претрес на Клиниката за онкологија во Скопје, откако домашни медиуми објавија дека таму се правела трговија на црно со скапи лекови од кои зависи животот на болните од рак, како и дека на некои пациенти им се давале половични или несоодветни терапии.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button