Бисерното грло на Македонија, жената која водоушевува со своите вокални способности, убавата дама која има ретка грациозност во однесувањето на нашата сцена.
Неодмна како вулкан во јавноста изби веста дека Анета и Џими од групата „Молика“ се разведуваат по 22 години брак.
Пејачката ни ја потврди оваа информација, го промени презимето на социјалната мрежа Инстаграм во Љумаковска (тоа е нејзиното моминско презиме) и продолжи да биде активна на нејзиниот профил објавувајќи фотографии од нејзините настапи, но и од секојдневието.
Приватна архива
Пејачката за првпат проговори за јавноста по разводот во интервју за Гламур.мк.
Како сте и како ви поминува летото 2023?
Со сигурност можам да кажам дека сум добра, дури и повеќе од тоа. Ова лето како и секоја година, работно со многу ангажмани и ете конечно да се одморам од моите обврски и турбуленции што ги имав.
Приватна архива
Споменавте дека вашиот договор со ,,Молика” истекува следната година.Какви се вашите планови за кариерата потоа. Дали може да ни откриете што да очекуваат вашите фанови?
Точно е дека се договоривме со „Молика“ да ги испочитувам сите договорени настапи до 15 август 2024 година и потоа на мирен начин да се разделиме како цивилизирани и возрасни луѓе. Секако ништо не е вечно, па ни ова. Едноставно секој си продолжува по својот пат.
Јас секако продолжувам со тоа што најдобро знам да го правам, а тоа е пеењето и ќе бидам активна и присутна секаде каде што можам, нормално ќе го продолжам мојот контакт со публиката како и што се очекува од мене како еден професионалец во својата работа.
Природно и спонтано, вие лично станавте лицето на „Молика“, нема да биде изненадување доколку и понатаму продолжуваат да ве именуваат како Анета Молика. Од оваа перспектива гледано,ви пречи ли?
Искрено, можам да си дозволам да го кажам ова . Да станав лицето на Молика. Меѓутоа кога јас не сум повеќе во групата продолжувам како Анета, а може и со моминското презиме Љумаковска, како и што ме знаат многу од моите фанови, бидејќи мојата кариера започна како Анета Љумаковска.
Принтскрин/ Јутјуб
Со оглед на вашата професија, вашиот приватен живот не можете да го заштитите максимално. Веста за разводот ја разбранува јавноста дали сте подготвени да споделите со публиката која беше причината за разводот?
Уште кога почнав да се занимавам со оваа работа знаев дека треба да се збогувам со приватноста и дека ме чека тежок пат на кој морам да се соочам со многу озборувња, вистини, невистини, недолични коментари , но тоа не значи дека јас не треба да ја почитувам мојата публика. Никој не знае што ми е на душата, дали сум расположена или едноставно треба да се дотерам да се нашминкам да ја наместам насмевката на лицето колку и да ми е тешко во тој момент и да се појавам на бина без разлика дали е јавен настап или приватна веселба и да го одработам тоа како што ми доликува.
Приватна архива
За разводот нема што да зборувам тоа е дел од мојата приватност, се случи тоа што се случи и свесни сме сите дека се што се случува е со некоја причина која што само еден Господ ја знае. Кога не оди нешто треба да се прекине и да се продолжи понатаму , бидејќи животот е еден и е многу краток и треба да се проживее како ние ќе посакаме.
Како се соочувате со ситуацијата и кој ви е најголема поддршка во овие турбулентни моменти?
Се соочувам како секој нормален човек, свесна сум дека треба да се помине овој период кога сум главна тема на социјалнките мрежи, а многу ми помага тоа што немам фејсбук профил така што не сум во тек со коментари и со тоа кој што пишува за мене бидејќи тоа би делувало негативно на мене.
Приватна архива
Најголемата поддршка ми е мојата фамилија, најповеќе мојот брат на кој сум му благодарна до небо иако не е тука тој е многу важна личност во мојот живот без кој не можам да донесам ниту една одлука.
Приватна архива
Имате прекрасна ќерка, како би ја опишале вашата врска со Мони?
Можам да се пофалам како и секоја мајка дека имам прекрасна ќерка со која се гордеам максимално и која ме поддржува , но јас нејзе воопшто не ја инволвирам во ова, бидејќи таа си има свој живот далеку од дома. Доволно е возрасна и има свои обврски и проблеми така што нема потреба да ја оптеретувам со мојот живот.
Принтскрин/ Јутјуб
Дали и таа има афинитети кон музиката?
Никогаш не покажала дека сака да оди по моите стапки и до некаде сум среќна поради тоа бидејќи и таа би се соочувала со слични ситуации, а е многу поизбувлива и понервозна од мене (хахаха). И
Приватна архива
би се скарала со секој што ќе зборува невистини за неа. Не! Не е таа за оваа професија (хахаха).