Херој на денот – Македонецот Ципе Миле им помага на туристите во Грција кога ќе се најдат во неволја
Приказна за човекот за кој зборува целиот Балкан
За оние што ќе им се случи некоја неволја во Грција, тука е Ципе Миле, Македонецот што им помага на сите.
Вистинското име на овој човек е Миле Стефановски и тој досега им помогнал на бројни туристи од Македонија и Србија.
Нема некој што не слушнал за него, а на многу групи на Фејсбук поврзани со патувањата во Грција многумина го фалат дека токму тој им помогнал во најразлични ситуации.
Тој иако живее во Солун, им помага на нашите луѓе низ цела Грција, а досега му се имаат случено најразлични ситуации.
Приватна архива
Миле им помага на луѓето кои се нашле во било каков вид на неволја, а во една пригода и помогнал на една жена да најде другарка со која не била во контакт преку 20 години.
Миле успеал да ја пронајде за ден-два, и како што самиот вели, живеела во негова близина и средбата била емотивна.
Приватна архива
Овој неверојатен човек им помага на луѓето веќе преку седум години откако во неговото сандаче на Фејсбук почнаа да пристигаат првите пораки за помош, без разлика дали на некој му пукнала гума, им требало мајстор, доктор, или било што друго.
Тој помогна и во барањето на семејството од Јагодина кое се водеше како исчезнато, бидејќи не се јавуваа на никој два дена.
Принтскрин/ Фејсбук
Миле комуницираше со медиумите, со докторите граничната полиција и семејството, се додека ситуацијата не се реши.
Како што самиот вели, сето ова го прави заради човечност, и досега на никој не му земал ниту денар, иако многумина му нуделе.
Принтскрин/ Фејсбук
Инаку, Миле во Грција живее од 2010 година и во Солун има завршено факултет. Пред десетина години започнува приватен бизнис, најпрво изнајмувал станови преку интернет сервис, а потоа и како агент за недвижнини. Од оваа година, сопственик е на агенција која се занимава со продажба на недвижните во Солун и Халкидики.
„Премногу сум среќен, тоа ме исполнува, нема поубава емоција од тоа кога на некој ќе му помогнеш. Бидејќи, некогаш и ти самиот би сакал некој да е човек кон тебе ако затреба, не дај Боже. Како да очекувате добро ако не го правите“, вели искрено Мила, пренесува српскиот „Блиц“.
Како што самиот вели, планира да остане во Солун, па сите оние што во иднина треба да патуваат во Грција, не треба да се грижат. Тука е Ципе Миле, доколку навистина ви треба помош, тој ќе помогне.
Приватна архива
А оние што сакаат да си купат недвижнина во Грција, Миле исто така е тука и за нив, секогаш спремен да помогне, заедно да го пронајдат најдоброто, но воедно и најповолното место за нив.