Ги охрабрувам родителите на мали деца за одмор на далечна дестинација – Сара Мејс
Што е животот без авантура?
Прекрасната Сара Мејс во овие летни горештини, со ангажманот кој секојдневно го има околку малите деца, но дополнително и работните обврски се согласи да даде интервју за Гламур.мк.
Сара , Димитар и нивните две дечиња Илина и Кирил неодамна се вратија од одмор.
Нивниот избор за лето 2023 година беше ни помалку ни повеќе Египет!
Далечна дестинација за мали деца, не се кој родител би се одлучил за ваков подвиг. Илина е веќе поголемка, но Кирил има само 10 месеци.
За храбриот подвиг, за идејата, за тоа како поминале , дали се каат или повотрно би го направиле истото во прво лице зборувавме токму со мама Сара.
Како ќе ни го опишете одморот на далечна дестинација со две мали деца?
– Што е животот без авантура? 😂 Знаеме дека каде и да сме, со две мали деца приоритет секогаш ќе биде грижата за нив. Но секако е прекрасно кога тоа се случува на море, покрај палми, во убави топли денови. Важно е местото во кое престојуваме да ги има сите услови за олеснато функционирање со деца и тогаш одморот станува вистнско уживање.
Нашите приоритети конкретно беа: да ни е плажата блиску, да е ситен песок и долго плитко, да не мислиме за јадење, хотелот да има beach bar/ snack bar блиску до плажа, во вечерните часови мини диско да има обавезно..🤭
Дали лесно се одлучивте да заминете за Египет? Како се подготвивте за ова патување?
– Се мислевме оваа година помеѓу Турција и Египет, победи Египет заради помирното море (и коралната плажа која што ја имаше хотелот во кој престојувавме во која буквално се заљубивме на прв поглед 😍) , да може да уживаат и децата, Кирил имаше 10 месеци, а Илина не е голем фан на бранови.
Дали ги охрабрувате родителите(конкретно вие Сара, мајките) на мали деца на ваков подвиг?
– Па зошто да не ?
Не гледам причина поради која би претставувал овој подвиг проблем. Дури и да плаче бебето за време на патот, ќе вреди повеќедневното уживање потоа.
Како успевате да ја одржите линијата? Изгледате фантастично за мајка на мали деца…
– Внимавам. Не толку што јадам (во смисла, соодносот би требало да е 80/20 за здрава/нездрава исхрана), туку колку и кога јадам.
Знам да каснам секаква храна за душа, но не и да изедам една тава од истата 😂
Кави доживувања ќе ни пренесете оттаму?Што досега видовте интерсно?
– Оваа година не теравме екскурзии, логистички одлучивме дека би било мачно за сите 4, заради возраста на Кирил. Но пред две години кога бевме само со Илина, а она имаше 3 години, видовме многу интересни работи како: Паркот Мини Египет, Делфинариумот и шоуто со делфини, пливањето и сликањето со нив, Големиот Аквариум и See scope tour- от.
Од нивните објави можеме да заклучиме дека си поминале многу забавно.
И популарниот водител Димитар не си поминал лошо:)
На една објава Сара напишала:
На прашањето: “Како не ви е досадно 2 недели на одмор?” Одговорот е: “Цело лето би седела да можам”
🏖️💙🐠☀️🌊