Реклама
Вирално

За сите љубители на природата и добрата забава во МАКЕДОНИЈА – настан што треба да го посетите

Бидете дел од фестивалот „Ја сакам Плачковица“

Реклама

Почувствувајте ја моќта на природата

Овој викенд на планината Плачковица ќе се одржи дводневниот „аутдор“ фестивал „Ја сакам Плачковица 2023“.

Ова е фестивал кој секоја година се организира во текот на летото во дворот на планинарскиот дом Вртешка на Плачковица, а го организира Планинарското друштво Лисец од Штип заедно со сите свои останати клубови, овој пат во соработка со Општинa Карбинци и Општина Штип, како и Штипско културно лето.

Фестивалот започнува на 8 јули со искачување на врвот Лисец преку фератата поставена во близина на самиот врв, како и спелеолошка акција – посета на пештерите – Ајдучка пештера, Ќуп и Голема пештера.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Истиот ден во попладневните часови започнува „треил“ трката, а вечерта гостите ќе ги забавува Александар Бошков & Friends и бендот Eruption од Битола. Следниот ден на 9 јули започнува МТБ турата која ќе започне од крајот на асфалтот, преку Туртел – Црквиште-Џумаја-Партизанска Болница-Старо детско одмаралиште-Вртешка.

Фото: Фејсбук

Патеката за треил трката е со должина од 18 км и 750D+ висина, а ќе се трча по веќе познатата планинарска патека пл.дом Вртешка – врв Туртел – Црквиште – пл.дом Вртешка.

Вториот ден ќе има и Детска планинарска трка со старт од УГД центарот (старото детстко одмаралиште) по што следува Open day качување на вештачката карпа која се наоѓа во склоп на планинарскиот дом.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

По завршување на спортските активности планирано е доделување на награди и признанија за најдобрите, а веднаш потоа следува забава со ДЈ Капа од Штип и рок бендот In the mood од Скопје.

Фото: Фејсбук

Целта на фестивалот е да ги промовира можностите што ги нуди оваа прекрасна планина во Македонија, но и да се промовира здравиот и активен живот со заштита и љубов кон природата и нејзините убавини.

Фото: Фејсбук

Оние што ќе бидат дел од фестивалот покрај тоа што ќе можат да учествуваат во најразличните активности како што се планинско трчање, опен клајбинг за најмладите на вештачката карпа, потоа искачување на врвот Лисец прек виа ферата, посета и истражување на пештери, учествување во едукативни работилници, ќе имаат и можност за добра забава во текот на вечерните часови, како и сместување во Планинарскиот дом Вртешка.

Фото: Фејсбук

За сите оние што нема да успеат да дојдат до место за ноќевање во домот им стои на располагање и опцијата кампување во кругот на домот.

Повеќе информации побарајте на следниот линк >>

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button