Продава и по 500 крофни на ден: Девојчето кое го воодушеви Балканот на чекор до целта да му помогне на својот болен татко
Секоја чест за Нина...
Веќе пишувавме за малата Нина која со својот потег го освои Балканот.
Имено кога излегла на улица да продава крофни за да му помогне на својот болен татко да собере пари за лекување, малата Нина Нинковиќ не можела ни да замисли дека во редот пред нејзиниот штанд ќе стојат десетици сограѓани подготвени да и помогнат.
Нина ги воодушеви жителите на Нови Сад, но и целиот Балкан кога реши да ги земе работите во свои раце и да му помогне на болниот татко.
Како што самата истакна рвичната замисла била да продава крофни за сопствен џепарлак но потоа решила да му помогне на својот татко.
-Прво сакав да продавам крофни за џепарлак. Но, се сетив дека можам да му помогнам на татко ми и да соберам пари за неговите лекови што е можно поскоро. Така почнав да продавам поради него – рече Нина.
Но таа не можела ни да замисли дека продажбата ќе оди толку добро што за едно попладне почнала да продава и по 500 крофни.
Мајка и баба и прават крофни, а таа ги продава за симболични 100 динари. Но поради зголемениот интерес сега веќе им е потребна помош во подготовката на крофните кои се продаваат побрзо отколку што може да ги направи нејзината мајка, па сега и соседите кои се понудиле да помогнат.
– Синоќа покренавме иницијатива на социјалните мрежи да стапиме во контакт со сите кои би можеле да се приклучат во правењето крофни, се со цел да се направи што поголема продажба и затоа побрзо да се соберат пари за лекување на таткото на Нина. Можеме да кажеме дека одзивот е задоволителен, а она што се надеваме е дека ќе се приклучат што повеќе волонтери – истакна за Блиц Стеван Бабиќ од новосадскиот тим „Крени – перени“.
Да потсетиме, таткото на Нина, Зоран Нинковиќ од Ваљево заради аблација на мрежницата го изгубил видот пред седум години.
Во март 2022 кај него повторно се јавува аблација, па на Зоран ситуацијата дури и дополнително му се влошува и му е загрозен животот.
Тој се лекува на клиника каде редовно добива системска терапија ,хемотерапија и имуносупресивни капки.
По година дена од појавата на фибринот заради кој на Зоран му се мати видот му се јавува и изразена фотофобија, а неговата состојба постојано се следи од докторите заради високите дози на хемотерапија.
Од овие причини на Зоран му е потребна помош за да може да замине на лекување во Москва. Паричните средства се потребни и за понатамошна дијагностика, прегледи, анализи, набавка на лекови, лечење како во Србија, така и во странство, како и за патните трошоци и сместување.
Парите за него се собираат преку хуманитарна фондација, но сега и ќерката на Зоран реши да помогне колку што може.