Нур Фетахоглу е родена е во 1980 година во Дуизбург, Германија, како најстаро од петте деца на турски имигранти.
Познатата актерка, дипломирала моден дизајн, а потоа работела на телевизија (канал Скај Турк), читајќи бизнис вести.
Нејзината кариера започна во 2007 година кога почна да се појавува во телевизиски серии, а во 2011 година одигра забележителна улога во турскиот филм „Куртлар Вадиси Филистин“.
Многумина ја паметат од серијата „Сулејман Величествениот“ во која глумеше Махидевран.
До денес има снимено десетици серии и филмови и важи за една од најуспешните турски актерки. Гледачите неодамна можеа да ја гледаат и во серијата „Изборот на таткото“.
Зад себе има два разводи. Од 2008 до 2011 година беше во брак со Мурат Асија, а нејзиниот втор брак, со Левент Везироглу, од 2015 година, заврши за само десет минути, и тоа 14 месеци по венчавката.
Два месеци по разводот, парот се смири и повторно се венча, а во 2016 година таа роди девојче по долга борба со неплодноста.
Што се однесува до нејзината улога на Махидевран, со која што ја освои и нашата публика, Фетахоглу во една пригода ќе го изјави следново:
„Една вечер се вратив исцрпена дом од снимањето на ‘Страстите на ориентот’ кога ми заѕвони телефонот. И покрај тоа што воопшто не ми беше до разговор, се јавив и ја добив понудата, да ја глумам Махидевран. Заради тоа бев многу возбудена и цела вечер поминав на компјутерот, пребарувајќи го интернетот, сакајќи да дознам што повеќе за првата сопруга на султанот, за која дотогаш не знаев ништо. Утредента шминкерите на сетот мораа да се помачат за да ми ги сокријат подочниците“, изјави тогаш шармантната турска актерка која ја прифатила улогата што ќе и го смени животот.