Соња Тарчуловска со емотивна објава за својата помала ќеркичка: Биди најсреќна, среќо наша, те сакаме!
Соња и Јохан го прославија роденденот на нивната ќерка Јоана
Познатиот пар на својата наследничка и приредија убава прослава
Пејачката Соња Тарчуловска и нејзиниот сопруг Јохан Тарчуловски го прославија осмиот роденден на нивната ќерка Јоана.
Гордите родители решија да ја изненадат својата наследничка, па се потрудија овој ден за неа да биде навистина посебен.
Среќната мама убавата вест ја сподели и на социјалните мрежи, а нејзината порака никого не остави рамнодушен.
Таа објави неколку фотографии од нејзината наследничка, а под нив со емотивни зборови и го честиташе роденденот.
„Биди најсреќна, среќо наша. Среќен 8-ми роденден, ТЕ сакаме“, напиша Соња под фотографијата на која е таа со својот сопруг и малата Јоана.
Инаку, Соња и Јохан покрај Јоана ја имаат и ќерката Мелани кој тргна по стапките на мама, како и синот Младен.
Покрај сите турбуленции во минатото тие денес уживаат во семејниот живот и важат за еден од најскладните парови меѓу познатите.
Пејачката по осум години пауза неодамна се врати на музичката сцена и тоа со песна чиј автор е нејзината постара ќерка Мелани.
Соња кога прв пат ја слушнала песната од ќерката, заплакала и веднаш знаела дека тоа е песна што мора да ја сними.
Нејзината ќерка долго време ја провоцирала да се врати на сцената, па на крај очигледно тоа го направија заедно.
Мелани како нови име на нашата сцена, а нејзината мајка како една од нашите најпознати фолк-пејачки.
Како изгледаше ова враќање на Соња, но и како Мелани ги направи првите чекори на сцената, погледнете во продолжение…
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска