По14 неуспешни ин витро оплодувања конечно ја држи ќерка си во раце: Сандра 17 години се бореше со неплодност а сега Бог и ја исполни најголемата желба
Таа е вистински борец...
Сандра Јовановиќ, поранешна претседателка на Здружението „Шанса за родителство“, а сега маркетинг и ПР менаџер во болницата „Биосел Хоспитал“, пред повеќе од година ипол на својата Фејсбук страница ја објави среќната вест – дека конечно стана мајка.
– По 14 ин витро оплодувања станав мајка. Ни требаше натчовечка сила за оваа борба која траеше 14 години! Мојата Љубица е родена на 15 декември и, навистина, без д-р Жељко Миковиќ и клиниката „Народни фронт“ се ќе беше многу потешко. Имаше премногу стравувања од првиот позитивен тест до породувањето. Се породив природно и никој не го очекуваше тоа. Мојата Љубица е најубавиот подарок за мене и мојот сопруг за Нова година! Таа е остварување на сите наши соништа – изјави Сандра за Жена.рс.
Сандра Јовановиќ од Белград е доказ дека со верба може да се постигне се.
Цели 17 години водела борба со неплодност а по 14 вонтелесни оплодувања конечно ја зема во прегратки својата ќерка Љубица.
– Мојата приказна нека ви биде водич, не се откажав иако поставив граница. Мојата шанса е мојата Љубица, најди ја својата шанса и не се откажувај во твоите желби. Морам да кажам дека без поддршката на мојот сопруг, оваа важна мисија би била невозможна. Ме охрабруваше уште од првото ин витро оплодување и веруваше дека ќе имаме деца, дури и кога ја губев силата, посочи Сандра.
– Ме водеше таа желба, но сепак си дадов некои граници до кога ќе се обидуваме. Обесхрабрувачки е да не успееш, а по 12 и 13-ти обид беше тешко, секогаш кога гледаш негативен тест, но целта е да се подигнеш и тоа да биде поттик – искрено одговори Сандра.
Сандра истакнува дека нејзината најголема желба е остварена но ги мотивира сите да веруваат во успех, да не се откажуваат и, се додека имаат реални шанси да забременат, да одат кон таа цел, но да не чекаат предолго бидејќи годините се најголемиот непријател кога станува збор за стерилитет.
– Секој шести пар не може да има деца, во 40 отсто од случаите проблем е мажот, кај исто толку е жената, а во 20 отсто од случаите причината е непозната – објаснила Сандра.
– Спас за овие парови е вештачко оплодување. Порано беше прескап и достапен за малку луѓе и тоа само во странство, но денес е многу подостапен, посочи оваа мајка.