Облече капут од 6.000 евра и под него – НИШТО! Гори Инстаграм од ова издание на Јелена Карлеуша
Не може секој да го носи овој детаљ...
Како што пренесуваат медиумите, пејачката Јелена Карлеуша за овој провокативен стајлинг издвоила речиси десет илјади евра…
Балканската поп дива Јелена Крлеуша знае како со своите модни изданија да го привлече вниманието на јавноста.
Така беше и овој пат кога се прошета во парчиња кои што не може да ги носи секој, а во кои блескаше како никогаш досега.
Имено, пејачката која многу пати им е инспирација на жените, кога се модата и стилот во прашање, и која важи за една од најдобро облечените ѕвезди на целиот Балкан, покажа уште едно издание за кое долго време ќе се зборува. Во прашање е широк капут од познатата модна куќа Баленсијага, во впечатлива жолта боја, под кој Карлеуша не носеше ништо (барем од она што се гледа на фотографиите).
Нејзините раскошни облини беа во преден план, а таа за да не се гледаат целосно вешто ги сокри со својата долга руса коса.
Пејачката целото издание го заокружи со црни високи чизми кои се исто така од познат бренд, и црни очила за сонце.
Како што пренесуваат медиумите, Јелена за овој провокативен стајлинг издвоила речиси десет илјади евра.
Имено, само капутот од Баленсијата чини преку 6000 евра, додека за чизмите платила скоро 3000 евра.
Поприлично се солени и очилата за сонце за кои пејачката исто така не жалела пари – тие чинат 685 евра.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Карлеуша?
Карлеуша VS Ријана
Карлеуша и само еден ден претходно се прошета во истиот капут, но само во сина боја, кога исто така ги изненади сите.
Интересно е тоа што во вакво издание во ноември минатата година можевме да ја видиме и Ријана.
Во прашање се модели кои настанаа во соработка помеѓу Баленсијага и култниот спортски бренд Адидас, а познатата убавица од Барбадос беше меѓу првите што ги носеше овие парчиња.
И таа тогаш покрај капутот ги носеше и чизмите чорапи од истата колекција на престижната модна куќа, а целото издание го зачини со чантичка со препознатливите три линии.
Во продолжение погледнете како изгледаше и манекенката што првично ги носеше овие модели на ревијата, но и уште неколку интересни парчиња од познатиот дизајнерски бренд кој им е омилен на многу познати дами од целиот свет.
Баленсијага
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)
Баленсијага (МyTheresa)