Многумина останаа шокирани кога ја видеа Цеца во ова издание – НЕВЕРОЈАТНО длабок шлиц и детали од преку 25.000 евра
Нејзиното издание предизвика лавина од реакции…
И покрај тоа што снима речиси секој ден, Светлана Цеца Ражнатовиќ секогаш е видно расположена кога ќе се појави во „Ѕвездите на Гранд“.
Така беше и овој пат кога популарната пејачка заблеска пред претставниците на седмата сила и никого не остави рамнодушен со своето издание.
Популарната пејачка за оваа пригода носеше беж фустан кој на прв поглед изгледаше елегантно и едноставно, но заради длабокиот шлиц со кој во преден план ги истакна нозете, Цеца не можеше да помине незабележано.
Косата ја носеше врзана во висока пунџа, а целото издание го заокружи со раскошна бунда и скапоцена чанта во беж нијанса.
Во прашање е модел од „Шанел“ кој чини 3970 евра и кој што го носеше во рацете посебно ги воодушеви дамите.
Но покрај чантата, љубителките на модата беа воодушевени И од бундата на Цеца која чини неверојатни 20.000 евра.
Таа целото издание го „заокружи“ со кафеави чизми со тенки високи потпетици и предизвика лавина од коментари.
„Блескаш како и секогаш“, „Цецо, на твојот изглед можат да ти завидуваат и двојно помлади“, беа само некои од нив.
Балканската фолк ѕвезда додека излегуваше од автомобилот внимаваше да не покаже премногу зарад предлабокиот шлиц, и со насмевка на лицето ги поздрави претставниците на медиумите и влезе во студиото.
Таа потоа одговори и на прашањата на новинарите, а откри и како реагира на негативните критики на колегите.
„Многу бурно, до последна капка крв се бориме“, изјави таа.
Што се однесува до нејзиниот стајлинг и за тоа колку време и треба за да се подготви за снимање, Цеца одговори:
„Тоа веќе е навика, начин на живот, брзо шминкање и средување. Ќе смислам што ќе облечам и ќе се нашминкам за миг, само фризерот ми ја прави фризурата. Да ви кажам нешто, ниту една жена не сака секој ден да е средува. На жените што не се занимаваат со јавна работа им е убаво кога ќе облечат свечен фустан и ќе се средат, но на мене од тоа ми е преку глава. Јас најмногу сакам кога сум без шминка, во тренерки и пижами со собрана коса“, откри Цеца, пренесе српскиот „Телеграф“.
Повеќе фотографии со Цеца од снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм