Блага Петреска сите ја знаеме, но ОВА Е НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА: Пејачката БЛЕСКА ОД СРЕЌА, а ова е причината
Нема нешто подрагоцено за еден родител од тоа детето да му дојде во посета, па токму затоа македонската фолк-дива овој момент го сподели и со својата публика.
Блага Петреска е долги години дел од македонската музичка сцена.
Долги години успешно плива во музичките води, а на нејзината кариера може да ѝ позавидат многу од нејзините колешки.
Помладите пејачки може само да учат од Блага.
Нејзините песни ги знаат и новите генерации, а без нив не може да се замисли ниту една прослава во земјава.
Во текот на својата кариера има соработувано со многу свои колеги, големи музички имиња.
И покрај импозантната кариера таа секогаш цврсто стои на земја, секогаш е достапна за своите фанови.
Ведра, насмеана, скромна, таа се труди секому да му обрне внимание.
Активна е и на Фејсбук, каде често знае да сподели фотографии од семејните моменти.
Секогаш со гордост и насмевка зборува за своите деца и семејството. Иако многу млада остана вдовица и сама со двете деца, секогаш со насмевка чекори низ животот и ништо не може да ја спречи да ужива во секој момент.
Многуте негативни случки кои ги доживеала не ја спречија да им се радува на останатите убавини.
Освен што и понатаму е активна во музиката, Блага е посветена мајка и грижлива баба.
Нејзината ќерка се одлучи за новинарска професија и замина од Македoнија, додека пак нејзиниот син ја освои публиката како виртуоз на виолина.
Внуците ѝ се нејзината слабост и обожава времето да го поминува со нив.
Она што последниов период премногу ја израдува е враќањето на нејзината ќерка во земјава.
Блага не можеше да ја сокрие својата среќа и посака да ја сподели и со својата публика.
Таа на својот Фејсбук профил објави заедничка фотографија со својата ќерка.
Оваа прилика пејачката ја искористи и да ѝ го честита роденденот на својата ќерка, па ѝ упати и честитка.
„Благослов е да имаш ќерка. Душо моја, остани таква насмеана, разиграна. Среќен роденден”, стои во описот на нивната заедничка фотографија.
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска