Невестата преубава, но и свекрвата со овој гламурозен детаљ сите ги „ШOKИPAШЕ“ – нема да ви се верува колку платила за ова!
Настан за кој зборуваат сите…
Саша Поповиќ и неговата сопруга Сузана Јовановиќ на 19 мај го оженија нивниот син Даниел.
И додека сестрата на Даниел, Александра, на гала прославата дојде облечена од глава до пети во парчиња од Зара, со што ги воодушеви сите бидејќи избрала нешто што може да си го дозволи секоја девојка (види тука), нејзината мајка никого не остави рамнодушен со своето гламурозно издание.
Имено, Сузана својот син од првиот брак го ожени облечена во комплет во тренди портокалова нијанса, со виолетова кошула, а целото издание го зачини со прескапата Биркин чанта која им е омилена на многу дами.
Во прашање е чанта за која сопругата на Поповиќ платила неверојатни 21.450 евра, што можеби и не е току скапо, ако земеме во предвид дека модели од овој бренд можат да достигнат цена и од фрапантни 150.000 долари. Конкретно моделот што го носи Сузана е од 2016 година и не е на продажба, а многу сличен модел имаат и нејзините колешки Цеца и Карлеуша.
Инаку свадбата на Даниел и неговата избраничка Тијана беше во еден престижен ресторан во Белград.
Меѓу највеселите беа родителите на младоженецот, а кога заврши чинот на венчавање, следуваше првиот танц.
Како што пишуваат медиумите, Даниел кој Саша Поповиќ го прифати како свое дете, шармантната Тијана ја запознал на работа, во „Гранд продукција“, каде тој работи како тон мајстор, а таа како шминкерка.
Невестата носеше припиен фустан со кристали, со сирена крој, а младоженецот сведен свечен костум.
Како изгледаа тие на својот прв танц, но и како се веселеше мајката на Даниел, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ