Весна Бејби поупорна и од канадските камионџии – не се откажува од ПРОТЕСТИТЕ, високата сметка од ЕВН не ја заборава!
Големо БРАВО за Весна!
Познатата актерка сама протестираше, па распали на социјалните мрежи.
Откако јавно го изрази својот револт за високите сметки за струја, Весна Петрушевска-Бејби излезе на протест пред ЕВН.
Таа неодамна сними видео и рече дека ова што го прават е вистински рекет.
-Слушам се жалите за сметките за струја. Е па да видам дека едната ми е 14.000, а другата 18.000 денари. Знаете кога друг пат ќе одам да им ги вадам сметките од вода? Па кога ќе се фрлам јас во Вардар, тие нека ме вадат. Значи 18.000 денари сметка за струја кога ќе ти дојде, прво не знаеш дали да седнеш на столче. Ма прво нема да го најдеш столчето, а после кога ќе го најдеш си викаш, мора да платиш. Рекетари едни“, рече Весна.
Овојпат таа на Инстаграм објави ново видео на кое стои пред зградите н ЕВН, па рече:
„Сама сум. Уште нема никој, кај сте? А и Вардар е блиску, туку, ладно е. Нема поарно од сам да си протестираш“.
Многумина добија виски сметки за струја за изминатиот месец , па најавен е протсет на 25-ти Февруари.
Видеото насмеа многумина, но многу од коментарите гласеа дека е навистина храбра што оди до крај.
Инаку пред 4 години и нејзиниот автомобил се најде во водите на реката Вардар во Скопје, а оваа вест привлече огромно внимание во јавноста.
„Автомобилот беше паркиран под мостот од причина што поголемиот дел од моите колеги се паркираме и одиме на проба, претстава. Зошто се паркираме таму е оти нашиот паркинг е полн со сценографија за која патем се не е испланиран простор и мора да се чува некаде, играме претстави, но тоа е друга тема-напиша тогаш Весна.