Романтичната венчавка на Фатмаѓул изгледаше како во бајките – ПОГЛЕДНЕТЕ и како убавата актерка изгледаше како невеста!
За нејзината свадба се уште се зборува
Познатата турска актерка Берен Сат се омажи за поп пејачот Кенан Догулу на плажа во Лос Анџелес.
Тие своето судбоносно „да“ го кажаа во 2014 година, а за нивната свадба и ден-денес се зборува.
„Во животот најважна е љубовта и тоа е единственото што ни треба и ништо повеќе“ напиша тогаш шармантната актерка и со своите фанови сподели фотографии од венчавката.
Турската ѕвезда, најпозната по улогата на Фатмаѓул во истоимената серија, тогаш конечно ја пронајде среќата и се омажи за десет години постариот поп пејач.
Тие се вљубија една година претходно, а се венчаа само по неколку месеци врска.
Тие на вечна љубов се заколнаа на калифорниската плажа пред најблиските пријатели и роднини.
Специјално за оваа прилика изнајмија дел од песочната плажа во Малибу, па додека познатата актерка чекореше кон својот иден сопруг, ја следеше оркестар свирејќи ја нејзината омилена песна „All you need is love“.
Парот на гостите наместо благодарница им подари очила на кои беа напишани стиховите од нејзината омилена песна и нивните иницијали Б и К.
Во медиумите досега многу пати се пишуваше дека нејзиниот брак е во криза, но овие гласини таа често ги демантираше. И додека многумина беа убедени дека нејзиниот брак нема да успее, актерката и пејачот го докажаа спротивното и деновиве, кога на последниот настап на Кенан, на Денот на републиката, кога убавата Берен му се придружи на сцената и заедно заиграа пред публиката на песната „Направено со љубов“.
Парот кој во изминатиов период често беше на дневен ред во вестите заради гласините дека се разведуваат, на овој начин испрати порака дека мразот меѓу нив е стопен и дека се уште уживаат во љубовта како и првиот ден.
Инаку, Берен, пред врската со Кенан беше сигурна дека животот ќе го помине сама и без сопруг. Нејзиното прво момче пред дваесетина години го изгуби животот во сообраќајна несреќа, а актерката беше многу поврзана со него.
Ефе беше мојата сродна душа. Се што постигнав во животот му го должам нему. Таа кобна вечер ме однесе дома и замина да се забавува со пријателите. Сред ноќ ми се јавија и ми кажаа дека починал. Тогаш умре и дел од мене, изјави Берен.
Таа во спомен на своето поранешно момче основа и хуманитарна фондација, а мошне важно и беше и тоа што Кенан без проблем го прифати тоа како дел од нејзиниот живот.
„Кенан го почитува моето минато, како и јас неговото, ја делиме сегашноста, но и иднината која што ќе ја кроиме заедно“, изјави своевремено шармантната актерка.
Фото: Инстаграм/ Берен Сат
Фото: Инстаграм/ Берен Сат
Фото: Инстаграм/ Берен Сат
Фото: Инстаграм/ Берен Сат
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Берен Сат
Фото: Инстаграм/ Берен Сат
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Берен Сат
Фото: Инстаграм/ Берен Сат
Фото: Инстаграм/ Берен Сат
Фото: Инстаграм/ Берен Сат
Фото: Инстаграм/ Берен Сат
Фото: Инстаграм/ Берен Сат
Фото: Инстаграм/ Берен Сат
Фото: Инстаграм/ Берен Сат