За нејзиниот стајлинг зборуваат сите – погледнете како изгледаше Елена Ристеска во Истанбул, никого не остави рамнодушен!
Елена Ристеска важи за една од најубавите поп пејачки во земјава која може да се пофали и со глас и со стас.
Сега таа доби признание и во Истанбул каде доби награда за најдобар македонски уметник.
Елена се појави на церемонијата „Best of Rumeli 2021“ и сите ги изненади со изборот на фустан.
„Благодарам Турција за оваа драгоцена награда, ми значи премногу. Можеби наградите не значат многу во однос на музичкиот успех, но кога ќе ги погледнам сите награди на мојата полица, сфаќам дека тие покажуваат колку сум постигнала во мојата 20-годишна кариера. Одлично е чувство, напиша пејачката во Инстаграм објавата.
Taa објави фотографија со познатата Ханка Палдум, која беше прогласена за најдобар босански уметник“ и БигМама, која ја доби наградата за најдобар албански уметник.
Елена на настанот се појави во асиметрична креација во златна нијанса, за која како вели во објавата, заслугите одат кај Мерсиха Казим.
Фустанот со необичен крој, беше краток од едната страна и ја откриваше нејзината нога, а од другата страна беше долг, додека пак на рацете ситуацијата беше обратна.
Фустанот „паѓаше“ од едното рамо и создаде совршена слика, додека пак целиот изглед го заокружи со црни потпетици и косата високо собрана.
Дека Елена изгледаше прекрасно нема потреба да се кажува.
Што и да облече таа изгледа совршено на неа.
Елена своето тело го доведе до совршенство, пред се благодарение на вежбањето во теретана и правилната исхрана кои се виновни за нејзиното затегнато и совршено обликувано тело.
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска