На само неколку дена пред изборите Тони Михајловски со лоши вести – пријателите загрижени, ќе се одрази ли ова на изворите?
Еден од најуспешните актери во Македонија влезе во Пполитиката, но сега соопшти лоши вести.
Македонскиот актер Тони Михајловски е еден од најуспешните актери во нашата земја. Зад себе има многу филмови, театарски улоги, а публиката имаше можност да го гледа и како водител на емисијата „Опуштено“.
Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.
Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.
Освен што е дел од шоу бизнисот, Тони започна и своја политичка кариера. Стана член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека откако влегол во политиката многу луѓе ги изгубиле симпатиите кон него.
„Откако влегов во политика, луѓето ги сменија симпатиите кон мене. Навистина ми е жал поради тоа, јас ги имам истите човечки квалитети кои ги имав и пред десетина години“, рече Михајловски.
Тој годинава се кандидираше за градоначалник на Куманово, па иако изборната кампања се одвива со полна пареа, Тони вчера се огласи на социјалните мрежи и соопшти лоши вести.
Имено тој рече дека добил позитивен резултат на коронавирусот и дека следните 10 дена ќе ги помине во изолација.
„Почитувани граѓани, за жал, мора да ве известам дека на моето денешно тестирање на Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајќи ги сите мерки за заштита на моето и вашето здравје, сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долгоочекуваната и заслужена промена во Куманово“, напиша Михајловски на „Фејсбук“.
На само 10 дена од изборите ова воопшто не му оди во прилог, но што е тука е, му посакуваме побрзо оздравување.
Актерот е горд татко на две деца – Александар, кој тргна по неговите стапки и Максим. Од 2017 година доби и нова улога – дедо. Неговиот син Александар и неговата избраничка Ангела добија дете.
Инаку Тони долги години е во брак со прекрасната Александра.