Миле Кузмановски не можеше да ја сокрие среќата – неговата НАСЛЕДНИЧКА славеше роденден, еве колку години наполни
Најмалата ќерка на македонскиот пејач порасна, па гордите родители ѝ организираа роденденска забава.
„Крал без круна“, „Не кани ме“, „Роман“ се само дел од хитовите кои се пејат со генерации. Ниту една веселба не може да помине без песните на Миле Кузмановски.
И покрај многуте животни искушенија пред кои беше ставен, сепак успеа да исплива напред и да продолжи да се бори за своето семејство.
Трагедијата која го обележа неговиот живот е згаснувањето на животот на неговата сопруга во 2012 година. Тогаш популарниот пејач остана сам со двете ќерки, близначките Јана и Ана.
Денес Јана и Ана се полнолетни девојки кои го завршуваат средното медицинско училиште, а како што вели нивниот татко, не ја слушаат неговата музика.
Пејачот 5 години по траге – дијата ја пронајде својата нова среќа и љубов.
Јасмина беше светлината во тунелот на македонскиот фолкер. Како плод на љубовта меѓу пејачот и Јасмина, која инаку работи во Црвен Крст се роди Ева.
Инаку Јасмина била студент со многу висок просек. Има работено во УНДП, во Министерство за земјоделие, го има основано СОС детското село, каде била директорка долги години. Потоа имала и организација која ги штитела правата на децата за време на бегалската криза.
Пејачот за неа вели дека е добар педагог, знае со децата, затоа што долги години работела со деца.
Конечно во нивниот дом владее среќа и хармонија. Кузмановски вели дека сите одлично се согласуваат, а Ана и Јана се горди постари сестри.
Семејството сега имаше и убава прилика за славење.
На 15 септември малата Ева наполни 4 години.
Нејзините родители направија скромна роденденска забава во нивниот стан, а Ева облечена како малата сирена се радувапе на својата торта.
„Мојата мала сирена денес прави 4 години. Среќа е да се има ќерка како мојата Ева. Среќен Роденден убавице моја“, напиша Јасминка на Фејсбук.
Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Фото: Фејсбук / Миле Кузмановски
Фото: Фејсбук / Миле Кузмановски
Фото: Фејсбук / Миле Кузмановски
Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Фото: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
Фото: Фејсбук / Миле Кузмановски