Македонска водителка уште еднаш го поддржа доењето во јавност – ТОДОСОВСКА е мајка за пример, големо БРАВО за неа!
Убавата македонска водителка ужива максимално во мајчинството и ги живее најсреќните моменти од својот живот.
Цеце Тодосовска е долги години дел од етерот, но огромна популарност стекна како дел од водителскиот тим на популарната емисија Утринска на Телма.
Емисијата за жал престана да се емитува, а секој од водителите продолжи по својот пат.
Цеце и Марко останаа дел од Телма телевизија, но кратко после тоа Цеце ја снема.
Причината за тоа е многу убава. Водителката се оствари во улога на мајка.
Таа и нејзиниот сопруг Стојанче го добија своето прво дете, синот Бодан.
Воопшто не ја кријат среќата, доста се активни на социјалните мрежи и споделуваат фотографии на кои може да се забележи дека навистина уживаат во новата животна улога.
Родителството не ги спречува да ги извршуваат сите активности кои ги оравеле и претходно, па дури и искачувањето по планини за нив не е проблем ниту со мало бебе.
„Многу планини се пред нас, заеднички ќе ги искачуваме“, напиша Цеце во опис на фотографијата на која позира со Бодан на Горна Матка.
Водителката се труди да ги сруши сите предрасуди и стеротипи во врска со доењето на бебиња во јавност
Имено, мајките ширум светот се споделуваат фотографии додека ги дојат своите деца во јавност.
Доењето во јавност, за жал, се уште често се поврзува со невкусно покажување на дојките во јавност. Но, сите мајки или жени кои имале прилика да видат мајка која дои сигурно ќе потврдат дека доењето во јавност исклучително ретко изгледа како невкусен чин.
Поголем дел од мајките кои дојат надвор од својот дом внимаваат на дискрецијата, првентство затоа што ни на нив самите не би им било пријатно да бидат премногу разоткриени во текот на доењето.
Клинички студии покажаа дека доените бебиња поретко се разболуваат и полесно закрепнуваат. Мајчиното млеко обезбедува емоционална сигурност и намалување на стресот преку тесната поврзаност мајка-бебе. Доењето доведува до побрз развој на мускулите и коските на лицето, поретки се инфекции на дишните патишта, дијабет и малигни болести.
И новопечената мајка Цеце ги поддржа останатите мајки, па сподели фотографија додека го дои Бодан во кафуле.
„Најубавото чувство.
Овие моменти не би ги менувала за ништо на светот“, напиша таа на Инстаграм.
Водителката оваа година замина на одмор во Охрид, а како што кажа на социјалните мрежи за неа одморот со бебе е најубабото искуство кое го имала досега.
По повод светската недела на доењето, водителката сподели уште една фотографија на која се гледа дека го дои својот син среде плажа.
„Заврши #светсканеделанадоење Мојата приказна за доењето е магична… доењето е многу повеќе од само храна за бебето, доењето е уникатна конекција, утеха, магија и една нова димензија на љубов.
Ме радуваа многубројните постови изминативе денови на мајки кои дојат особено на оние кои дојат јавно бидејќи тука нема простор за срам “, напиша Цеце во опис на фотографиите.
Фото: Инстаграм / Цеце Тодосовска
Фото: Инстаграм / Цеце Тодосовска
Фото: Инстаграм / Цеце Тодосовска
Фото: Инстаграм / Цеце Тодосовска
Фото: Инстаграм / Цеце Тодосовска
Фото: Инстаграм / Цеце Тодосовска
Фото: Инстаграм / Цеце Тодосовска
Фото: Инстаграм / Цеце Тодосовска
Фото: Инстаграм / Цеце Тодосовска