Целиот Балкан зборува за битолската Ким Кардашијан – Груевска ги воодушеви сите, но речиси никој не го знаеше ова за неа
За овие сцени уште долго време ќе се зборува
Шармантната битолчанка Марија Груевска (23) во последната емисија „Ѕвездите на Гранд“ направи такво шоу што се уште се зборува за нејзиниот настап.
Груевска со своите сценски костуми и перформанс предизвика воодушевување кај жирито, но и кај публиката.
Таа најпрво се појави во црна мантија слична на онаа што ја носат главните сестри калуѓерки во католичките манастири, а покрај необичниот костум Груевска го привлече вниманието и со бисерите што ги носеше.
Марија во еден момент ја соблече мантијата сред сцена и тогаш блесна во своето пpoвoкативно издание слично на она што го носат девојките во кабаретските претстави. Сцените кажано во „најмала рака“ беа шокантни, посебно кога се појави во тесното боди со кристална перика на главата.
„Татко ми е свештеник и ми дозволи да изгледам како калуѓерка“, истакна нашата пејачка која ја остави и Карлеуша без зборови:
„Тука не станува збор само за стајлингот.. Луѓе, па ние вечерва ја откривме македонската Ким Кардашијан… Ти имаш такво тело, сестро (!), јас ова го немам видено. Жените плаќаат за ова што ти го имаш“ и порача Карлеуша на Марија.
Инаку, нејзиниот татко, наводно, ја напуштил собата за коментари кога неговата ќерка се појавила во ова издание на сцената. Таа и претходната епизода ги изненади сите, само што тогаш се појави како светица, и повторно изгледаше како најпопуларните светски пејачки.
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска