Го победи ракот, но по три недели почина од корона – докторот кој ја лекувал му открил на сопругот ТАЈНА од болницата
Медицинската сестра Валери Керлес од Бирмингем почина како последица од коронавирус само неколку недели откако лекарот и ја соопштил најубавата вест дека го победила ракот.
Валерија храбро се бореше со ракот во последните две години, верувајќи дека со поддршка на нејзините колеги лекари и нејзиниот сопруг Џон, таа може да преживее.
Бидејќи со време открила колку напредувал тој во нејзиното тело, терапиите и лековите си го направиле своето и успеала во тоа.
Меѓутоа само штом се вратила на работа во болницата „Гуд Хоуп“ во Бирмингем, избувна епидемија на коронавирусот. И покрај фактот дека лекарот кој ја лекувал и рекол дека во таква состојба нејзиното тело нема да толерира инфекција, таа храбро доаѓала во болница за да им помага на своите колеги.
„Едно попладне, по две недели откако добила потврда дека ракот исчезнал, почнала да кашла.
Таа изјавила дека најверојатно се должи на промената на времето, имајќи предвид дека температурата нагло паднала во градот.
Мене ми беше сомнително. И реков да остане дома, таа не ме послуша. Таа се плашеше дека нема доволно луѓе во одделите, дека на болните треба да им се помогне. Таа почина една недела подоцна “, изјави сопругот Џон Керлес за SWNS.
Докторот кој ја лекуваше Валерија на онкологијата дојде на погребот и разговараше со нејзиниот сопруг.
-Ми рече дека во животот не видел похрабра жена од Вал. Никогаш не паднала психички за време на третманот.
Тој рече дека ја молел да не оди на работа кога започнала епидемијата, но таа не го послушала.
Потоа ми откри што се договориле. Валерија некако мораше да попушти пред неговите молби да остане дома, па му ветила дека ќе им помогне на своите помлади колеги првиот месец, бидејќи веќе беше близу до пензија и беше поискусна од сите, а потоа ќе се повлече. За жал, таа не ги чекаше тие месеци. „Таа го потцени коронавирусот, како и многумина околу нас“, рече сопругот.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин