Ова слатко девојче денес важи за една од најпознатите Турчинки во МАКЕДОНИЈА – погодувате ли за кого станува збор?
Харизматична, шармантна и секогаш насмеана
На фотографијата е познатата актерка Мерјем Узерли која во Македонија се прослави со улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“. Таа денес ужива во семејниот живот со партнерот и своите наследнички за кои многумина велат дека се исти како неа кога била малечка.
Убавата актерка е поприлично активна на социјалните мрежи каде своите фанови често ги известува за своето секојдневие.
Таа овој пат сподели фотографија од кога била малечка и со својата објава ги воодушеви фановите.
Мерјем порасна во Германија и кога се врати во земјата на своите родители слабо зборуваше турски, па така на почетокот на снимањето на сериите го учеше и турскиот јазик.
Таа сите свои претходни улоги ги има одиграно на германски јазик, а пред шест години ја доби ќерката Лара со Кен Атеш.
Но нејзината врска со познатиот турски брокер заврши за кратко време. Тој не сакаше да имаат деца, па ја остави актерката додека беше бремена, и Хурем заради тоа тогаш помина низ најтешкиот период во животот.
Таа доживеа нервен слом и се обиде да си го одземе животот, по што заврши во психијатриска клиника во Берлин.
Хурем тогаш потполно се повлече од јавниот живот, а откако закрепна му се посвети на мајчинството, но и на глумата.
Таа ужива со својата ќерка во Берлин, а пред два месеци повторно се породи и ја роди ќеркичката Лили Кои.
Сега Хурем е среќна жена која ужива во љубовта со партнерот со кого го доби второто дете, иако се уште не сака да го открие и го крие неговиот идентитет.
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли