Реклама
Наши ѕвезди

Проески и денес ни го покажува патот што сите треба да го следиме: МУЗИКАТА и песната му беа во крвта, а големината – во душата!

Реклама

„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“ зборуваше Тоше Проески…

Фото: Принтскрин/ Тоше Проески

Да беше жив Тоше Проески денес ќе славеше 40-ти роденден

Неговиот млад живот згасна прерано, како и неговата кариера заради трагичната сообраќајна несреќа.

Маркетинг

Тој трагичен ден, на 16 октомври 2007 година плачеше целиот регион кога во медиумите се појавија првите вести дека на автопатот во Хрватска, во близина на Нова Градишка, на патот од Скопје кон Загреб, кога имаше само 26 години, згасна животот на нашиот ангел Тоше Проески.

Фото: Принтскрин/ Тоше Проески

Тоше својата кариера ја започна кога имаше само 10 години, со фасцинантна изведба на песната „Аве Марија“.

Маркетинг

На 15 години веќе настапуваше на фестивалот „Макфест“, а со песната „Срце није камен“ стана познат на целиот Балкан.

Фото: Принтскрин/ Тоше Проески

Тоше е роден во Прилеп, во 1981 година, а зад себе има оставен богата музичка ризница во која кога и денес ќе погледнеме сфаќаме колку талентиран музичар беше. Но покрај тоа што беше музички гениј и имаше ангелски глас, тој беше и голем човек и хуманист, и сето тоа се само мал дел од сето она што Тоше Проески беше за време на неговиот живот и нема човек кој за него немаше пофални зборови.

Многубројната публика ја освои со својата прекрасна насмевка и ангелски глас, но и со неговата скромност што го красеше.

Кога почна да пее на свои тинејџерски години, обожавателите на Тоше постојано му подаруваа плишани играчки, кои тој ги чуваше во една посебна соба што ја имаше во својот дом во Крушево, специјално само за подароците.

„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“, знаеше често тој да зборува за себе.

Фото: Принтскрин/ Тоше Проески

Крводарителска акција Во Скопје во чест на неговиот роденден

За целото време од својата кариера Тоше покрај музиката се занимаваше и со хуманитарни работи. Тој беше амбасадор на УНИЦФ, а за своите добри дела во 2002 година го добие и признанието Мајка Тереза.

Во чест на неговиот роденден по 17 пат ќе биде одржана и крводарителска акција што ја организира Црвениот крст на град Скопје и ООЦК Центар во соработка со ИТМ. Акцијата ќе биде спроведена во холот на Дом на АРМ,  а со цел да се одржува спомен на неговите дека и да поттикне помладата генерација да го следи неговиот хуман патоказ.

Од Црвениот крст и од Институтот за трансфузологија информираат дека ќе се погрижат сите дарители и лица кои се ангажирани во акцијата да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита од Ковид -19, а од досегашните спроведени акции реализирани се вкупно 4829 единици крв.

Фото: Принтскрин/ Тоше Проески

Тој ден целиот Балкан плачеше

Инаку и денес нема ден, а на некое радио или телевизија во етерот низ сите земји од поранешна Југославија да не се пушти барем една негова песна.

Во моментот на несреќата со него беше менаџерката Љиљана Петровиќ, која беше полесно повредена, како и  Ѓорѓи Ѓоргиевски, кој управуваше со автомобилот. Петровиќ спиеше во моментот на несреќата, исто како и Тоше, но пејачот за жал го изгуби животот на лице место.

Истрагата покажа дека воздушните перничиња не се отвориле во моментот на несреќата, кога автомобилот удри во камион.

Фото: Принтскрин/ Тоше Проески

Последното интервју

Тоше своето последно интервју го даде вечерта, само неколку часа пред фаталната несреќа во емисијата „Вртелешка“ на актерката Весна Петрушеска.

Проески во емисијата зборуваше искрено за своите идни планови, кои за жал никогаш не се остварија.

Но и покај тоа, неговите песни останаа како за нас така и за идните генерации, не се забораваат и ќе траат вечно.

Среќен роденден, Тоше!

Фото: Принтскрин/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button