Момчето што го „слyпа“ златното Порше повтоно шoкиpaше – „Паметните нека учат факултет, јас ќе трошам пари!“
По сообраќајката, фраерот со тетоважи објави фотографија со иронична порака – „Ќе ме скрши татко ми!“
Никола Кељановиќ е младо момче кое се најде во центарот на вниманието откако го „слупа“ своето златно Порше во центарот на Белград, па се фотографираше со него и фотографијата стана вирална на социјалните мрежи.
Тој живее на висока нога и Инстаграм го користи да се фали со тоа што постојано се расфрла со пари, а како што вели самиот, од ваквото однесување не се срами, туку напротив, горд е што и без премногу труд може да заработува толку многу пари и да ги вози најскапите автомобили.
Тој на својот профил на Инстаграм има преку 130.000 фанови од кои едни го критикуваат, но има и такви кои се на негова страна.
Тој за себе вели дека е „најсилната организација за обложување“, а кога станува збор за неговиот разуздан стил на живот на кој што се гордее – журки, скапи автомобили и лесни жени, вели дека го живее сонот на секој Балканец кој така го замислува својот живот во иднина.
„Моите родители се против ова потполно, но мене лошите коментари не ме допираат. Сепак, моите родители се загрижени заради тоа. Оние луѓе што ме коментираат немаат свој живот. Што ги е гајле нив каков сум јас, па не ме познаваат приватно. Можат да ме осудат само по Инстаграм. Тие нека учат, нека завршат факултет и нека се снајдат, јас се снајдов на другата страна. Кога сите би завршиле факултет и би биле образувани, кој би ги работел сите останати работи?!, се прашува Никола во интервјуто за „Телеграф.рс“.
Тој откри дека неговите родители се од потполно поинаков свет и дека не го оправдуваат тоа што го прави.
Но сепак тој тера по свое
Татко ми има фирма за градежништво во Германија, а мајка ми работи нешто неважно. Таа кога некој ќе ја праша дали сум јас нејзиниот син, вели дека не сум, а до колегите на мојот татко во Германија се уште ова не дошло, вели тој за Блиц.
„Ако имам пари, секој ќе ме почитува. Што ми е гајле дали некој ми е вистински или лажен пријател. Тоа е сега така“, вели ова младо момче кое е убедено во своите ставови.
Сепак, ова не се зборови на кои би требало да се угледа некој, а можеби би било подобро и да внимава како вози, а не само да ги брои и да е расфрла со парите.