Оние што се против маските ги чека затвор? Нашите комшии бараат НАЈСТРОГИ казни за сите што не ги почитуваат мерките!
Во Грција, скоро 16 000 луѓе биле заразени со вирусот корона.
Грчките правосудни органи добија упатства да ги гонат активистите кои се борат против носење заштитни маски така што ќе бидат забрзани судските процеси и казнување на оние за кои ќе се докаже дека се виновни со казни затвор и до една година. Во упатството издадено од обвинителот на Врховниот суд се наведува дека активистите, кои се противат на владината наредба да носат заштитни маски со цел да се потисне пандемијата на вирусот корона, се „закана за јавното здравје и јавниот ред“ во земјата и треба да се санкционираат.
Противниците на носење заштитни маски неодамна ги засилија своите активности на социјалните мрежи и организираа помали улични протести.
Откако училиштата повторно се отворија минатата недела, тие го критикуваа барањето учениците да носат маски на час.
Обвинителот на Врховниот суд Василис Плиотас изјави дека постапките на противниците на маските предизвикуваат „разбирлива загриженост кај граѓаните кои го почитуваат законот“, наведувајќи дека овие групи се „помали, но упорни“ и мора да бидат санкционирани.
„Тоа е кривично дело за кое претежно се предвидува парична казна, а поретко и затворска казна“.
Тој додаде дека пораките на социјалните мрежи и другите дејства заслужуваат кривично гонење затоа што тие потикнуваат кршење на законот.
Инаку, проблемот со (не)носењето на заштитни маски деновиве беше во центарот на вниманието и кај нас.
Имено, министерот Венко Филипче пред неколку дена на прес конференција најави дека доколку трендот со зголемен број на инфицирани од Ковид 19 продолжи да расте, ќе мора да се воведат нови рестриктивни мерки. Како некои од нив тој најави дека би можело да се редуцира бројот на гостите во угостителските објекти, но и задолжително носење на маски на отворено, што предизвика отпор кај граѓаните.
Но, да се надеваме дека нема да дојде до тоа…
Што велат психолозите за оние што не сакаат да носат маски
И покрај опасноста од зараза, речиси сите знаеме барем едно лице кое не можеме да го натераме да носиме заштитна опрема за време на пандемии, а експертите сметаат дека има најмалку пет објаснувања за овој необичен феномен кој стана мошне интересен во последно време.
Имено, носењето заштитна маска на почетокот од пандемијата на вирусот корона беше незадолжително, па потоа задолжително во затворен простор, но и покрај тоа има луѓе што одбиваат да носат маски.
Од 01. мај 2020, ваквото однесување во Македонија резултираше со казна. Но, прашањето е зошто луѓето не ставаат маска што ја намалува можноста од инфекција?
Причините се навистина многубројни, па дури одат и до точка на апсурд – американскиот претседател Доналд Трамп не носи маска затоа што така изгледа слаб, пишува Мондо. А маска не носи ни Ангела Меркел, но само пред камерите, како што вели самата таа, додека во продавница секако дека носи. Но дали политичарите кои избегнуваат да носат маски со тоа покажуваат дека повеќе се загрижени за своето здравје, а не фокусирани на закрепнувањето на земјата?
„Човечките суштества, како и другите примати и цицачи, имаат силен вроден инстинкт за преживување, кој се хиперстимулира кога човекот чувствува ненадејна закана од непознат непријател. Тоа кај нас буди силен и моќен сет емоции што може целосно да го „прегази“ инаку рационалното размислување“ – вели Дејвид Б. Абрамс од универзитетот Њујорк.
„Инстинктот „борби се или бегај“ се рефлектира и на телото, а ние стануваме почувствителни и подготвени да реагираме на заканата. Инстинктот за борба понекогаш ќе биде погрешно насочен, а нашата позиција ќе биде поблизу до подготвеноста за конфликт“ – објасни тој. Но експертите предупредуваат дека треба да се разликува кои се вистинските психолошки причини, а што се однесувањата и рационализациите што ги користат луѓето за да објаснат зошто не стават маска.
Ова се петте најчести причини, според психолозите.
Контрола
„Постојат толку многу неизвесности сега, што се чувствувам како да имам контрола доколку изберам да не носам маска.“
Во моменти на неизвесност, секој привид на „контрола“ врз ситуацијата е нешто за што луѓето ќе се „фатат“.
Не верувам
„Носете маска, не носете маска, повеќе ни самиот не знам во што да верувам.“
Вирусот Корона донесе неизвесност во целиот свет, а честопати луѓето кои постојано добиваат „мешани“ пораки и препораки едноставно реагираат со тоа што ќе се спротивстават.
Млад сум
„Немам доволно години за да добијам корона.“
Како што знаеме, не постои старосна граница за инфекција. Ова едноставно е ризично однесување.
Не сакам
„Не сакам да го ставам тоа затоа што не сакам некој да ми каже што да правам.“
Маската не е наредба туку начин да се заштитите себе си и вашите најблиски.
Изгледам смешно со маска
Ова е неверојатно честа причина, која ја спомена и Трамп.
Психолозите велат дека на овој начин мажите се „извлекуваат“ многу почесто од жените. И тоа истите оние мажи кај кои новиот вирус корона, низ целата наша планета, влијае многу почесто и многу посериозно.