Македонците „paспалија“ по Филипче заради новите мерки за КОРОНАВИРУСОТ – ова нема да му се допадне на министерот!
Некои бараат дури и да си даде оставка
Новите мерки што министерот Филипче планира да ги воведе предизвикаа голема прашина на социјалните мрежи.
Имено, министерот Венко Филипче вчера на прес конференција најави дека доколку трендот со зголемен број на инфицирани од Ковид 19 продолжи да расте, ќе мора да се воведат нови рестриктивни мерки. Како некои од нив тој најави дека би можело да се редуцира бројот на гостите во угостителските објекти, но и задолжително носење на маски на отворено, што најмногу предизвика отпор кај граѓаните.
Имено, многумина се револтирани и не штедеа зборови коментирајќи ја ваквата најава на министерот за здравство.
Во некои од коментарите можеме да прочитаме и текстови од тоа како другите држави се справуваат со вирусот, но и барања министерот да поднесе оставка бидејќи, според нив, не се справува добро со ситуацијата.
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/738898816787409
Секако дека Венко Филипче има и голем број приврзаници и симпатизери кои што се задоволни од досегашната работа на министерот, но не треба а се игнорираат и оние што не се согласуваат со неговите мерки, посебно доколку се во толкав број кој воопшто не е за потценување.
Eве некои од коментарите на загрижените граѓани што можат да се прочитаат на социјалните мрежи.
„Kои мерки, кои препораки, аман веќе!! Цело лето сите испуштени да прават што сакаат, ниту дистанца, ниту маски, веселби, журки, собиранки на секој чекор и сега ви текна дека се влошува ситуацијата?? Сега е веќе доцна! Од март до септември имавте време да го организирате образованието, а вие цела енергија ја вложивте во ваучери за шетање. Сега и образованието и економијата за никаде. Колку само фирми затворија овие месеци и колку луѓе останаа без работа?“ прашува еден граѓанин на Фејсбук.
„Која е поентата сам по улица со маска???“
„Состојбата се влошила, како не. Некој си игра со нас. Цело лето имаше по 200 заболени секој ден, ама ваучерите беа во полн ек. Туристичките центри преполни со луѓе без маски. Престанете да не плашите веќе. Психички паднавме“, пишува друг корисник на социјалните мрежи.
„Кога се влошува состојбата, зошто ги отворивте градинките?“
„Дефинитивно треба некој да се врати на прва година медицина, вакво однесување не приликува на нормален доктор, а камоли на министер за здравство… порво нека почнат кафаните да работат, па да се отворат хотелите за одмор па градинките, сега сте граѓани да се вратат на работното место… И сега пак ние ГРАЃАНИТЕ сме виновни што ситуацијата ескалира?! Малку морген, ова сценарио ни е веќе познато, само штета што немаме добро здравство кое може да се справи со самата ситуација“, пишува една револтирана корисничка под текстот објавен од СДК на соцјалните мрежи.
„Ко беше линеарен растот на број на заболени демек ОК беше контролирана, сега ќе глумите загрижени дека се влошува состојбата?!?“
„Таман ни еден да не остане здрав. Одиш на прошетка сам, оти ќе нема веќе со кој да одиш, стави си маска и мисли си само кога ќе се угушиш, ако не си се угушиш сам ќе ти дојде некој полицаец и он ќе те докрајчи ако не носиш маска, Е браво бе, АЛАЛ да ви е… Топ ќе ви биде одлуката…“
„Ај малку почнете со мерки во вашата бранша…медицината… Кој колку е писмен во струката и како си ја врши работата… Па на крај почнете со народот.. Од како е ова чудово (кој знае што болештија е) цело време удирате по народот… А ѓубрето пред врата никако да си го заметете…“
Со мерките што немаат смисла (сам со маска на улица) се губат и мерките што имаат смисла (кафеани и јавен транспорт).
„Кажете ми на Филипче во Вухан нема рестрикции ниту маски носење“
„Кај ви е оваа статистиката за каде се заразиле луѓето: во контакт со познат кластер во приватна посета или на јавно место, во контакт со неоткриени кластери, или пак не знаат кој е контактот од кој се префатиле?!?“
„Ако мислите дека така можи да везвате приказни кај се заразиле луѓе, повелете извадете таква статистика па да видиме кој каде се заразил, па нели пратите контакти на кластерите, или заборајвте за то уште пред избори?“
„Ајде да не дишеме, затворете ја цела Македонија со еден голем воздушен балон и ние во тој вакуум пикнати и вие, па да видиме кој колку време ќе издржи.“
„Не може заради некои што не ги почитуваат мерките, сите да бидеме ставени во ист кош.“
Инаку, граѓаните почнаа да се бунат откако беше објавена изјавата од прес конференцијата на министерот.
Тој најави дека се планира да се воведат нови мерки во случај ако се оцени дека трансмисијата на ковид-19 е неконтролирана. Меѓу мерките што ги најави министерот се повторното ограничување на бројот на лица на маса во угостителските објекти и за групирање на отворено, редуцирање на бројот на патници во јавен превоз, и задолжително носење маска на отворено дури и кога сам човек се движи, со која предизвика најмногу револт кај народот во нашата земја.
Според министерот, семејните прослави, свадби кои се забранети, и опуштањето на граѓаните во летниот период се главната причина за влошувањето на состојбата со епидемијата на ковид-19 и зголемениот број новозаболени пациенти и трагични случаи во нашата земја.
„Ќе ги засилиме мерките и контролите и апелирам да се разбере пораката дека ситуацијата е многу сериозна. Искрено се надевам дека нема да стигнеме до карантин, ниту пак до новите рестриктивни мерки и дека нема да се имплементираат. Но, анализите покажуваат дека мерките не се почитуваат на настаните на отворено“, рече министерот.
Министерот Венко Филипче исто така кажа дека се анализира зошто расте смpтноста кај младите лица, и кажа дека останува препораката учениците од прво до трето одделение да почнат со физичка настава од 1 октомври.
Во продолжение погледнете уште некои од коментарите што можат да се прочитаат под објавеното видео на Филипче.
Па, кое е вашето мислење на оваа тема?